Едноставна салата со морски плодови/Jednostavna salata sa plodovima mora

После доооолго, дооолго, долго време, вчера во Мордор времето беше прекрасно. Не многу ладно, небото обоено во синило и сонце, онака што буквално ти ги гали образите. И решив после два месеца колата да ја однесам на перење, да сркнам еден чај со другарка ми после тренинг и да одам да испазарам нешто за денешниот…… Continue reading Едноставна салата со морски плодови/Jednostavna salata sa plodovima mora

ЛЦХФ американски палачинки со спанаќ/ LCHF američke palačinke sa špinatom

Во претходниот пост, ви напишав дека купениот спанаќ со кој имав намера да правам нешто сосема трето, доби оскаровска улога, не една, туку две во одличните рецепти за суфле и американски палачинки од спанаќ. За подготовка на овие палачинки кои се во потполност според принципите на ЛЦХФ исхраната, потребна ви се истите состојки како и…… Continue reading ЛЦХФ американски палачинки со спанаќ/ LCHF američke palačinke sa špinatom

Суфле од спанаќ и фета сирење/Nabujak od špinata i feta sira

Викенд е. А, викендите ги сакам бидејќи наутро ми оставаат можност повеќе да се задржам во кујна и да експериментирам. Спанаќот за овој рецепт ми беше купен за нешто друго, меѓутоа утринава маестрално си ја одигра својата улога, не во еден, туку во два совршена рецепта: суфле од спанаќ и фета сирење и ЛЦХФ американски…… Continue reading Суфле од спанаќ и фета сирење/Nabujak od špinata i feta sira

Турско пиде/Tursko pide

Младунче број 2 ги обожува! Ретко ги правам, бидејќи тешко запира човек со јадењето, па после си плачеме кога ќе застанеме на вага. Меѓутоа, веќе неколку дена пека за „турски пици„, како што ги нарекува, па мајка реши да го разгали за денешниов, неделен ручек. Потребно Тесто: околу 500 гр меко брашно тип 400 200…… Continue reading Турско пиде/Tursko pide

Пица од карфиол/Pizza od karfiola

Продолжуваме со серијалот рецепти со карфиол! 🙂 Не дека од што многу го сакам, туку од што морам да го јадам, бидејќи е намирница со низок гликемијски индекс и има таканаречени „негативни калории„. Оваа пица се прави многу лесно. Едноставна, мошне заситна и со привремено чувство дека божем јадете пица. 🙂 Секако дека „тестото„ од…… Continue reading Пица од карфиол/Pizza od karfiola

Крокети од карфиол/Hash browns od karfiola

Ги видов на една од многубројните ФБ страници за храна, Tasty. И ми фатија око од прва! Му се враќав на рецептот неколку пати синоќа и денес после тренинг отидов да купам свеж карфиол. 🙂 И еве ги, вкусни, ароматични, здрави. Единствена маана им е што од оваа смеса излегуваат толку малку, а дома имате…… Continue reading Крокети од карфиол/Hash browns od karfiola

Крем супа од Хокаидо тиква/Krem supa od Hokkaido bundeve

Од годишните времиња, најмногу ги сакам пролетта и есента. Периоди кога се раѓа и умира животот. 🙂 Сакам кога есента ќе ги обои ридовите со најубавите бои, од бледо жолта, до крваво црвена. Убавина, која тешко кое око може да ја впие во целост. Но, есенската убавина не се огледа само во облеката на дрвјата,…… Continue reading Крем супа од Хокаидо тиква/Krem supa od Hokkaido bundeve