Зимски пинџур/Zimski pindžur

Летоска кога бев во Скопје, мајка ми ми купи неколку килограми благ и лут пипер од локалното гранапче. Секое лето се товарам со зеленчук и овошје купени во Скопје и си ги носам во Мордор. Не знаете, ама во Мордор немаат пиперки. Мислам имаат бабури и уште еден вид на големи дебели меснати пиперки кои…… Continue reading Зимски пинџур/Zimski pindžur

Домашна салама/Domaća salama

Од немање веќе идеи што да јадам за доручек, а саламите во ЛЦХФ исхраната не се дозволени заради конзервансите, адитивите и другите отровчиња кои што ги содржат, решив да екпериментирам и да пробам сама да си направам своја салама. Дома имав една одредена количина на пилешки стек (филе), па решив да го „жртвувам„ во име…… Continue reading Домашна салама/Domaća salama

Поширано јајце/Poširano jaje

Ги сакам мрзеливите викенди. Недела, некогаш еден од најомразените денови, стана „мој„ ден. Ден, кој во потполност си го посветувам себеси и се разгалувам до максимум. Па да почнеме со разгалувањето од почеток. Од појадокот. Домашно подготвена пилешка салама, поширано јајце, путер врз леб без брашно. И кефир. Нема поубав почеток на денов кој доаѓа.…… Continue reading Поширано јајце/Poširano jaje