Мус од јагоди/Mus od jagoda

Значи, од кога ќе стасаат јагодите, им се дешава помор! 🙂 Алергична на истите, но сепак не престанувам да ги јадам. И да! Се чешам и се праам дека не ми е ништо. 🙂 Во време кога е сезоната на јагоди, после оние јагода и шеќер вулгарис, најмногу сакам јагоди со шлаг. Се сеќавам кога…… Продолжи со читање Мус од јагоди/Mus od jagoda

Мус од гриз и чоколадо/Mus od griza i čokolade

Рецептов го смучкав за една наградна игра каде што клучната состојка е чоколадото. Но, со денови ми се врти јадењето од детството, млечен гриз и решив денес да си поиграм у кујна. И не излезе ич лошо! 🙂 Потребно 450 мл млеко 250 мл павлака за готвење (не за шлаг, од типот на пластичните растителни…… Продолжи со читање Мус од гриз и чоколадо/Mus od griza i čokolade

Сладолед од банана/Sladoled od banane

Значи, полесен, а поздрав сладолед, амин! Вкусна ужинка или пак десерт, за сите љубители на сладоледи. Со една главна состојка добивате максимално уживање во ова слатко задоволство. А, се подготвува на следниот начин: Најпрво бананата се става во замрзнувач, за потполно да се замрзне. Јас тоа го сторив вечер пред подготовката. Следниот ден или пак…… Продолжи со читање Сладолед од банана/Sladoled od banane

Сипкава пита од јаболки/Mrvičasta pita od jabuka

Прекрасна е, неодолива, вистински рај за сите сетила. Тоа е таа, нејзиното височество, „Сипкава пита од јаболки и ореви„. Изворниот рецепт го најдов на еден друг кулинарски сајт и после првото пробување, питава ја ставивме на домашниот редовен колачарски репертоар. Со време состојките се менуваа, но главниот адут – тестото за оваа пита, си остана…… Продолжи со читање Сипкава пита од јаболки/Mrvičasta pita od jabuka

Наполеон труфли/Napoleon trufle

Наполеон труфли е мој авторски рецепт, кој настана како продукт на истражувања и комбинација на повеќе состојки. Имено, не практикувам додавање на термички необработени јајца во десертите, па барав начин како да ги направам овие познати труфли, без спорната жива белка која инаку е вообичаен составен дел на овие бомбичиња. По вкус, многу потсетуваат на познатите…… Продолжи со читање Наполеон труфли/Napoleon trufle

Спекулас бомбици/Speculaas kuglice

Eve еден авторски, празнично Новогодишен рецепт кој оваа година се најде на нашата трпеза. Оваа година решив да не‘ изненадам со некои нови колачиња од оние кои што традиционално, со години ги правев за време на Новогодишните празници. Решив дека нема да дремам во кујна со саати, да ѕиркам низ стаклото од рерната за да проверам…… Продолжи со читање Спекулас бомбици/Speculaas kuglice

Пудинг од chia/Puding od chia sjemenki

Со овие семчиња се запознавме пред некои си две години. Сакам да истражувам кога е во прашање храна, па во една прилика ги купив во една продавница за здрава храна, ама појма немав како и во кои комбинации се користат. Немам намера рецептов да го претворам во едукативен пост, ама чудесниве семчиња заслужуваат малку повеќе…… Продолжи со читање Пудинг од chia/Puding od chia sjemenki