Колач со моркови/Carrot cake

Во фрижидер со денови ми стои изрендан морков на кој што веќе немам што да му правам, па решив еден дел да го искористам за домашна супа со зеленчук, а од другиот дел да направам колач со моркови. Веќе имам правено торта со моркови, но ова е нешто сосема поинакво и далеку посочно од истата. Убавината во правењето на колачов е што нема прецизно мерење во грамови, туку се е со чашки и лажички. Сите состојки се мерат со истата шолја, која што е со запремнина од 150 мл.

Потребно

  • 250 гр крупно рендани моркови
  • 3 јајца Л величина
  • 1/2 шолја масло за јадење
  • 1 шолја кафеав шеќер „Демерара„
  • 3/4 шолја меко пченично брашно
  • 1 шолја поситни овесни снегулки
  • 100 гр суво грозје (претходно потопено во врела вода и исцедено)
  • 1 рамно лажиче прашак за пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 1 рамно лажиче мелен цимет
  • 1/2 лажиче мелено каранфилче
  • 1/2 лажиче мелен ѓумбир (во прав)

За прелив

  • 400 гр кисела павлака со најмалку 25% м.м
  • 2 рамни супени лажици шеќер во прав

Се матат јајцата со шеќерот, додека не се створи густ крем па се додава маслото и се мати со миксер, додека не се соедини. Во сад се соединуваат сите суви состојки (брашното, овесните снегулки, прашакот за пециво, содата, зачините, солта). Во садот со матените јајца постепено се додаваат сувите состојки и се меша со шпатула. На крај се додаваат ренданите моркови и сувото грозје и смесата се меша за да се соедини убаво.

Во правоаголно тавче со големина 20х30 цм, прекриено со хартија за печење, се истура смесата и се пече во претходно загреана рерна на 160 Ц. Проба дали е печено се прави со чепкалка; се боцнува тестото со чепкалка и ако излезе сува, колачот е печен, ако има тесто на неа, потребно е да се продолжи времето на печење.

Кога колачот во потполност ќе се излади се премачкува со прелив од кисела павлака во која добро се промешуваат 2 рамни лажици шеќер во прав. Се остава преку ноќ во фрижидер, за да можат сите ароми да се поврзат во она што по мирис се нарекува, Дома. 🙂

Carrot cake

I have grinded carrots that had been in the refrigerator for days, so I decided to use one part for a home-made vegetable soup, and from other part, to make a carrot cake. I already have a recipe for a cake made with carrots, but this is something completely different and far more moist than it. The beauty in making this cake is that there is no precise measurement in grams, but everything is measured with cups and teaspoons. All ingredients are measured with the same cup, which is with a volume of 150 ml.

Ingredients

250 gr grated carrots
3 eggs L size
1/2 cup of cooking oil
1 cup of brown sugar “Demerera”

100 gr raisins previously immersed in hot water and drained
3/4 cup soft wheat flour
1 cup oat flakes
1 tablespoon baking powder
1/2 teaspoon baking soda
pinch of salt
1 tablespoon of ground cinnamon
1/2 tsp ground cloves
1/2 tsp dried ginger (powder)

For icing

400 g of sour cream with at least 25% milk fat
2 flat tablespoons of powdered sugar

Beat the whole eggs with sugar until you get a creamy texture, and then add the oil. Mix well until it is combined. Put all dried ingredients (flour, oat flakes, baking powder, soda, spices, salt) in a separate bowl and mix well. Now, gradually add dry ingredients to a bowl with mixed eggs, and stir well with a spatula. At the end, add grated carrots and mix it well until all ingredients are well combined.

In a rectangular pan with a size of 20×30 cm, covered with parchment paper, pour the mixture and bake in a pre-heated oven at 160 C. Use a toothpick to check if the cake is well baked. Pin the cake with a toothpick and if it comes out clean, that means that the cake is done. If there is a dough on it, then continue to bake until it’s done.

When the cake is completely cooled, coat it with icing made of mixture of sour cream and powder sugar. Left it overnight in the refrigerator, so that all aromas can be mixed and combined in something that is called “a smell of Home” 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s