Домашни бургери/Homemade burgers

Од секогаш сум сакала добар бургер. Мека земичка која не се рони затоа што е бајата, плескавица која не изгледа како парче гума замаскирана со милион преливи, сосови, помфрити.. Во градов може да се најде добар бургер, но до сега ниту еден не ја оправдал цената во однос на квалитетот. И да. Не ги сакам удавени во мајонези и кечапи и купишта помфрит. Помфритот ме заситува и потоа не можам да уживам во самиот бургер, па затоа кога си спремам домашни бургери воопшто не подготвувам помфрит како додаток. Но, вие можете да си направите додатоци по желба. До вас е.

Потребно (за 2 бургера)

  • 300 гр мешано мелено месо (јунешко и свинско)
  • 1 средно голема главица кромид
  • 2 чешниња лук или 1/4 лажиче сушен
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • 1 рамна супена лажица лут буковец

Додатоци

  • карамелизиран кромид
  • кисели краставички
  • сладок Barbecue кечап (користам Heinz)
  • дижон сенф

И уште

  • 2 земички

Месото за бургерите подгответе го ден порано и оставете го да преноќи во фрижидер, во сад со капак. Во сад ситно изрендајте ги кромидот и лукот, додадете ги сите зачини и месото. Добро измешајте за да добиете хомогена смеса. Ставете го во покриен сад, во фрижидер. Следниот ден, со влажни раце формирајте плeскавици кои се за еден прст поголеми од земичките кои што ќе ги користите. Плескавиците печете ги на умерена јачина на врела тава премачкана со малку масло за готвење. За време на печењето немојте да ги боцкате, ќе станат како гума ако излезат сите прекрасни месни сокови кои ја даваат сочноста. Превртувајте ги со рамна шпатула. Печени, оставете ги да одлежат 10 минути. За тоа време, земичките исечете ги на половина и потпечете ги на маснотијата која останала во тавата, со пресечената страна надолу. Нека фатат румена, крцкава коричка.

Долната страна на земичката премачкајте ја со малку сенф, ставете ја плескавицата, одозгора ставете малку кечап, кисели краставички и карамелизиран кромид. Преклопете со другиот дел од земичката и загризете. Експлозија на вкусови без многу мака! Уживајте 🙂  

Homemade burgers

I’ve always wanted a good burger. A soft fresh bun without crumbling, a burger that doesn’t look like a piece of rubber masked with a million, sauces, fries… In this town you can find a good burger, but so far none of them has justified the price in terms of quality. And yes. I don’t like them drowned in mayonnaise and ketchup and overfull with fries. The french fries fill me up and then I can’t enjoy the burger itself, so when I am preparing burgers at home I made them without french fries. But you can always make your own combination. It’s up to you.

Ingredients (for 2 burgers)

  • 300 g of minced meat (beef and pork)
  • 1 medium large onion 
  • 2 cloves garlic or 1/4 teaspoon dried
  • salt to taste
  • black pepper to taste
  • 1 flat tbsp hot chilly flakes

And some

  • caramelized onions
  • pickles
  • sweet Barbecue ketchup (I use Heinz)
  • dijon mustard

Aaand

  • 2 bread buns

Prepare the meat for the burgers the night before and leave it in the refrigerator in the dish with a lid. First, finely grate onion and garlic and add all spices together with the meat. Mix well until it becomes homogeneous. The next day, form two burgers that are one finger larger than the buns that you will use. Bake the burgers at a moderate heat on pan with a little cooking oil on it. During the roast, do not poke them, because all wonderful meat juices will go out and the burgers will become like rubber. And we don’t want that, right? So, you just flip them with a flat spatula. When they are done, let them stand for 10 minutes. During this time, cut the buns into half  and put them in the pan where the burgers were fried, with the cut side down. Let them catch a golden-brown, crunchy crust.

Now, spread the bottom of the bun with some mustard, place the burger, place some ketchup, and add pickles and caramelized onion over the burger. Put the second half of the bun above and bite. Explosion of flavors without much trouble! Enjoy 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s