Чоколадна торта со вишни/Chocolate and sour cherry cake

Деновиве прчкав нешто у моето вештерско дувло и можам да ви кажам дека не излезе воопшто лошо, посебно кога ќе ве фати желба за нешто слатко.

Тортава или колачов со глазура е мошне едноставен да се направи, не бара сто тенџериња, садови и маталки, сосема ја задоволува потребата за нешто чоколадно, а вишните додатно го подигнуваат целиот вкус.

Потребно

Бисквитно тесто

  • 5 јајца со „Л„ големина
  • 10 супени лажици шеќер
  • 1 кесичка прашак за пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 гр мелени бадеми
  • 4 супени лажици какао
  • 4 супени лажици брашно
  • прстофат сол
  • 4 супени лажици масло за јадење
  • 4 супени лажици млеко
  • 200 гр смрзнати вишни, исцедени од сокот

Глазура

  • 30 гр путер
  • 100 гр млечно или темно чоколадо
  • 1 супена лажица масло за јадење
  • 1 супена лажица какао
  • 4 супени лажици млеко

Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги со шеќерот, солта и ванил шеќерот, додека не добиете мек врв на матениот шам. Сега внимателно додадете ги жолчките и матете со миксер додека не се спојат со шамот. Додадете ги млекото и маслото за јадење и внимателно матете со миксер. Во посебен сад спојте ги брашното, прашакот за пециво и какаото и со мало сито или цедалка за чај, внимателно и во повеќе наврати додавајте во смесата од матените јајца. Со дрвена лажица или со шпатула превртувајте ја смесата од дното кон површината, за да се впијат сувите состојки. На крај додадете ги мелените бадеми. Смесата префрлете ја во тркалезен калап, чие дно е обложено со хартија за печење. На површината ставете ги вишните. По желба, можете да ги вмешате во тестото пред да го ставите во калапот за печење. Печете на 180 Ц, додека тестото не се одвои од страните на калапот или додека забодена чепкалка не излезе сува.

Сега подгответе ја глазурата. Во сад измешајте ги сите состојки и ставете го на рингла додека не проврие. Со врелата глазура прелијте ја тортата и оставете ја да се излади.

Сервирајте со сладолед од ванила или со малку матена слатка павлака. 

Chocolate and sour cherry cake

These days I was crafting something in my witch kitchen and I must admit that it didn’t turn bad at all. This is a simple recipe for a chocolate cake and the sour cherries additionally “rise up” the whole concept of its flavor. 

Ingredients

For the batter 

  • 5 large eggs
  • 10 tbsp sugar
  • 10 gr of baking powder
  • 10 gr of vanilla sugar or vanilla extract
  • 100 gr of grounded almonds
  • 4 tbsp cocoa powder
  • 4 tbsp regular flour
  • a pinch of salt
  • 4 tbsp oil 
  • 4 tbsp milk
  • 200 gr frozen sour cherries

For the chocolate glaze

  • 30 gr unsalted butter
  • 100 gr chocolate (milk or dark, depends on taste)
  • 1 tbsp oil
  • 1 tbsp cocoa powder
  • 4 tbsp milk

Separate egg whites from yolks and beat the whites with sugar, salt, and vanilla sugar until you get a soft peak. Now carefully add the egg yolks and continue to mix until they are well mixed with the meringue. Add the milk and the cooking oil and carefully mix again. In a separate bowl, mix together the flour, baking powder and cocoa, and carefully sift it with a small sieve over the mixture of wet ingredients. With a wooden spoon or spatula, flip the mixture from the bottom to the surface to absorb the dry ingredients. At the end add grounded almonds. Transfer the mixture into a round mold, whose bottom is covered with a piece of parchment paper. Place the sour cherries on the surface of the biscuit batter . If desired, you can mix them in the batter before putting it in the baking mold. Bake at 180 C in a preheat oven until the biscuit is separated from the sides of the mold or until the toothpick has come out dry.

Now prepare the glaze. Put all the ingredients in a small pot and place it on the cooking stove until it boils. Pour the cake with the hot glaze and allow it to cool.

Serve with vanilla ice cream or with some whipped cream.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s