Мус од јагоди/Mus od jagoda

Значи, од кога ќе стасаат јагодите, им се дешава помор! 🙂 Алергична на истите, но сепак не престанувам да ги јадам. И да! Се чешам и се праам дека не ми е ништо. 🙂

Во време кога е сезоната на јагоди, после оние јагода и шеќер вулгарис, најмногу сакам јагоди со шлаг. Се сеќавам кога бев мала, мајка ми знаеше да ни направи една верзија на крема со јагоди која што ја обожавав. Мајка ми веќе 6 месеци, секоја ноќ ја барам меѓу ѕвездите, обидувајќи се да се изборам со суровоста на животот и овој рецепт е некако омаж на еден  момент од детството, сегмент на кој му се враќам со спомени секоја година кога ќе дојде сезоната на јагодите.

Подготовката е исклучително едноставна и единствено околу што ќе се помачите е чекањето. Затоа, најдобро е овој десерт да си го направите навечер, за да може преку ноќ убаво да се стисне и да се добие онаа фантастична млечна пена со јагоди која се топи во устата.

2

Потребно:

  • 600-700 гр исчистени јагоди
  • 2 пакетчиња шлаг крем
  • 250 мл млеко за матење на шлагот
  • 8 лажици шеќер (додадете или одземете од количината, во зависност од тоа колку сакате да е слатко, но и од слаткоста на самите јагоди)
  • 500 мл неутрална павлака за готвење
  • 2 кесички од по 10 гр мелен желатин + 3-4 лажици вода
  • околу 200 гр пасирани јагоди со шеќер за украсување

Јагодите ставете ги во подлабок сад, додадете го шеќерот и испасирајте ги со пасирка за пире. Оставете ги на страна. Во друг сад изматете го шлагот во прав со млекото и потоа внимателно во неколку наврати додавајте ја павлаката за готвење, без да прекинувате со матењето. Во мало тенџерче ставете го желатинот со 3-4 лажици вода и оставете го да набубри. Набубрениот желатин растопете го на рингла, но внимавајте, не смее да зоврие бидејќи ќе му се намали моќта на желирање. Повторно, со непрекинато матење додадете го растопениот желатин во мешавината од шлаг и павлака и матете додека се убаво не се соедини. Сега е време да ги додадете јагодите. Внимателно со шпатула или со дрвена лажица, вмешајте ги во шлагот, додека целата смеса не стане уедначена. Вака приготвениот крем, ставете го во чаши и оставете го преку ноќ да се стисне. Следниот ден, во секоја чаша додадете пасирани јагоди со шеќер и уживајте. 🙂

===============================================================

1

Potrebno:

  • 600-700 gr očišćenih jagoda
  • 2 paketića praha za šlag (ovdje Dr. Oetker šlag krema u prahu)
  • 250 ml mlijeka, za mućenje šlaga
  • 8 kašika šećera (dodajte ili oduzmite po ukusu i u zavisnosti od slatkoće jagoda)
  • 500 ml vrhnja za kuhanje (ne za šlag)
  • 2 kesice od po 10 gr mljevene želatine + 3-4 kašika vode
  • oko 200 gr pasiranih jagoda sa šećerom, za ukrašavanje

Očišćene jagode staviti u dublji sud, dodati šećer i pasirkom za krompir pire, izgnječite jagode. Ostavite po strani. U drugi sud umutiti šlag sa mlijekom i dodati vrhnje za kuhanje, mutiti mikserom dok se smjesa ne ujednači. Želatinu preliti sa 3-4 kašike vode i ostaviti da nabubri. nabubrenu želatinu rastopiti na vatri, pazeći da ne provri. Rastopljenu želatinu pažljivo dodati mješavini od šlaga i vrhnja uz neprestano mućenje mikserom. U ovo, sada dodati pasirane jagode, te pažljivo špatulom ili drvenom kuhačom, sve dobro izmješati, da se se sve poveže u jednu homogenu smjesu.

Ovako pripremljenu kremu stavite u manje čaše, te ostavite ih u frižideru preko noći, da se krema dobro stisne. Sutradan svaku čašu dopuniti pasiranim jagodama sa šećerom. i uživati! 🙂

Advertisements

One thought on “Мус од јагоди/Mus od jagoda

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s