Мус од гриз и чоколадо/Mus od griza i čokolade

Рецептов го смучкав за една наградна игра каде што клучната состојка е чоколадото. Но, со денови ми се врти јадењето од детството, млечен гриз и решив денес да си поиграм у кујна. И не излезе ич лошо! 🙂

Потребно

  • 450 мл млеко
  • 250 мл павлака за готвење (не за шлаг, од типот на пластичните растителни шлагови!!!)
  • 1 кесичка од 10 гр, желатин
  • 6 лажици шеќер
  • 8 лажици пченичен гриз
  • прстофат сол
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • шлаг, за украсување

Млекото и шеќерот се варат до зовривање, а потоа во нив полека на неколку пати се додава гризот, со постојано мешање за да не се створат грутчиња. Се вари до густина на пудинг. Во меѓувреме желатинот се подготвува според упатството, но се внимава да не зоврие, бидејќи ако тоа се случи, ќе ја изгуби моќта на желирање. Сварениот гриз се префрла во подлабок сад, му се додава желатинот, солта и чоколадото искршено на парчиња и се мати со миксер додека не се стопи чоколадото. Сега се додава павлаката и повторно се мати со миксер за да се добие хомогена смеса.

Се става во чаши и кога ќе се излади, се декорира со матен шлаг.

==============================================================

Potrebno:

  • 450 ml mlijeka
  • 250 ml vrhnja za kuhanje (nikako ona biljna vrhnja za šlag!!!!)
  • 1 kesica od 10 gr, želatine
  • 6 kašika šećera
  • 8 kašika pšeničnog griza
  • prstohvat soli
  • 100 gr tamne čokolade
  • umućeni šlag, za ukrašavanje

Mlijeko i šećer staviti da provri, pa u par navrata dodati griz i kuhati do gustoće pudinga. U međuvremenu, rastopiti želatinu po uputama na vrećici, pazeći da želatina ne provri, jer će onda izgubiti moć želiranja. Skuhani griz prebaciti u dublji sud, dodati želatinu, čokoladu izlomljenu na komade i prstohvat soli, i mikserot umutiti dok se čokolada ne rastopi. Sada dodati vrhnje i ponovo mutiti da se masa sjedini.

Servirati u čaše i kada se ohladi, dekorirati umućenim šlagom.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s