Шпагети од тиквички со соте од пилешко/Špagete od tikvica sa soteom od piletine

Е, до сега ве давев со карфиол, а од сега со тиквички! 🙂

Мошне едноставен и брз начин на подготовка на шпагети од тиквички. Шпагетите од тиквички се одлична алтернатива за оние луѓе кои што од различни причини не конзумираат житарки.

Дадените количини се за 3 лица.

Соте од пилешко бело месо:

Потребно

  • 300 гр пилешко бело месо
  • 1 поголема или 2 помали главици кромид
  • 2 лажици Ворчестер сос
  • сол, по вкус
  • бибер, по вкус
  • 2 лажици маслиново масло

Шпагети од тиквички:

Потребно

  • 5 средно големи тиквички
  • 1 лажичка сол

Прво го правиме сотето од пилешкото. На тава со врело масло го ставаме ситно исечканиот кромид и го пржиме додека не се застакли. Му го додаваме, на коцки исеченото пилешко месо и пржиме додека месото не фати боја. Го додаваме Ворчестер сосот, солта (внимателно, овој сос во себе содржи сол) и биберот и околу 100 мл вода и на јак оган пржиме додека не испари водата од тавата.

3

Тиквичките ги миеме, им ги отсекуваме краевите и со алатка за шпагети, правиме долги, тенки резанци. Ги вариме кратко, околу 5 минути во зовриена вода во која има една лажичка сол. Ги процедуваме низ цедалка и тоа е тоа.

===========================================================

Brza i ukusna alternativa za špagete, za osobe koje iz različitih razloga ne konzumiraju žitarice.

Date količine su za 3 osobe.

Sote od piletine:

Potrebno:

  • 300 gr pilećeg filea
  • 1 velika ili 2 manje glavice luka
  • 2 kašike Worčester sosa
  • so, po ukusu
  • biber, po ukusu
  • 2 kašike maslinovog ulja

Špagete od tikvica

Potrebno:

  • 5 srednje velikih tikvica
  • 1 kašičica soli

Prvo radimo sote od piletine. U tavi, na vrelom ulju ispržimo nasjeckani luk dok ne zastakli, te dodamo na kockice isječenu piletinu. Pržimo dok piletina ne promijeni boju. Dodamo Worčester sos, so (pažljivo ovaj sos je slan), biber i 100 ml vode i pržimo na jakoj vatri dok voda na ispari.

4

Tikvice operemo i odrežemo im oba kraja, te ih spravicom za špagete izrežemo na dugačke rezance. Špagete kuhamo u vreloj posoljenoj vodi, 5 minuta, zatim ocijedimo ih u cjedilu i serviramo.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s