Едноставна салата со морски плодови/Jednostavna salata sa plodovima mora

После доооолго, дооолго, долго време, вчера во Мордор времето беше прекрасно. Не многу ладно, небото обоено во синило и сонце, онака што буквално ти ги гали образите. И решив после два месеца колата да ја однесам на перење, да сркнам еден чај со другарка ми после тренинг и да одам да испазарам нешто за денешниот ручек. И бидејќи сонцето ме разнежи, решив и јас да ни ги разнежам непцата на синко и на мене со еден убав лесен, летен ручек. Да го забрзаме доаѓањето на летото, ако не календарски барем преку летните оброци.

Супер! Станувам сабајле, гледам врне едно одвратно дождуле, небото сиво, какво што е инаку вообичаено во Мордор. Е, бе Марфи, мораше ли сеа да заврне коа ја измив колата?!?!?!?!? Се провртев низ кујна и едно време ѕиркам низ прозор, а надвор паѓа снег! Си му ја набројав на времето сета блиска и далечна фамилија која си ја има и почнав да го спремам ручекот. Овој, летниов! 🙂

5

Потребно

  • 500 лигњи
  • 300 гр гамбери (козици)
  • 120 гр сурими стапчиња
  • 1 помала главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • ладно цедено маслиново масло
  • сок од 1 лимон
  • сол по вкус
  • малку масло за пржење (овде маслиново масло од комина)

И уште:

  • зелена салата
  • 1 лажиче сенф
  • 1 лажица мајонез
  • 1 лажица вода

Претпоставувам дека ќе користите замрзнати морски животинчиња, бидејќи свежи тешко се наоѓаат. Значи кога ќе ги купите замрзнати, ставете ги во фрижидер така да се одмрзнат, не ги ставајте да се одмрзнуваат на собна температура, бидејќи морските плодови се исклучително осетливи па да не биде беља после. Ова направете го еден ден пред да ги подготвувате.

Во подлабок сад ставете малку масло па кога доволно ќе се загрее, испржете ги кратко гамберите. Гамберите се мали ракчиња од кои се користи долниот дел, каде што им е опашката. Гамберите ги пржите кратко, доволно е само да ја сменат бојата и да станат црвенкасти. Тоа е знак дека се готови. Тргнете ги на страна и сега во садот додадете ги лигњите исечени на тркалца и краците расподелени на половина. Пржете додека лигњите не добијат црвенкасто-виолетова боја и не почнат да пукаат во садот. 🙂

6

Во друг сад, ставете ги испржените лигњи и гамбери и додадете ги сурими стапчињата исечени на помали коцки. Кромидот насецкајте го најситно што можете, а истото тоа направете го и со чешнињата лук. Додадете сол по вкус, ладно цедено маслиново масло и сок од лимон. Убаво промешајте и оставете во поклопен сад, во фрижидер најмалку 1 саат.

Зелената салата насецкајте ја на потенки ленти, а дресингот направете го така што во еден мал сад ќе ги измешате сенфот, мајонезот и водата.

4

Замислете си дека сте некаде покрај море, каде што малку ве гали ветерче, а малку сонце. И уживајте во летото. Барем привидно! 🙂

==================================================

Potrebno:

  • 500 gr lignji
  • 300 gr repova kozica
  • 120 gr surimi štapića
  • 1 manja glavica luka
  • 3 čena bijelog luka
  • ekstra djevičansko maslinovo ulje
  • sok od 1 limuna
  • so po ukusu
  • malo ulja za prženje (ovdje ulje od komine masline)

I još:

  • zelena salata
  • 1 kašičica senfa
  • 1 kašika majoneze
  • 1 kašika vode

Pretpostavljam da ćete koristiti smrznute morske plodove, pa ih dan prije nego što ćete ih spremati, ostaviti ih u frižideru da se tamo odlede. To je najbolji način odleđivanja zamrznutih morskih plodova, obzirom da su oni jako osjetljivi i podložni ekstra brzom kvarenju, pa da ne bi bilo kakvog belaja poslije. 🙂

U dublji sud, zagrijte ulje za prženje te na jakoj vatri prvo ispržite kozice. Prže se kratko, tek toliko da promjene boju i postanu crvenkasti.

Kozice izvaditi iz suda gdje su se pržile i sada na to isto ulje dodati lignje izrezane na kolutiće i krakove podijeljene na polovinu. Pržiti dok ne dobiju crvenkasto-ljubičastu boju i dok ne počnu pucketati tokom prženja. To je znak da su gotovi.

2

Sada u drugi dublji sud staviti pržene kozice, lignje i štapiće surimija, nasjeckane na sitnije komade. Dodati najsitnije što možete, sjeckanog luka i bijelog luka, zatim dodati sok od limuna i ekstra djevičanskog maslinovog ulja i posoliti po ukusu. Dobro promiješati da se sastojci sjedine. Ostaviti u frižideru najmanje sat vremena.

3

Salatu isjeckati na tanke trakice, a za dresing, pomiješati senf, majonezu i kašiku vode i sve fino kašičicom umutiti u homogenu smjesu.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s