Ароматични пилешки раженчиња/Aromatični pileći ražnjići

Еве ме пак со брзите ручечиња! 🙂 Не дека не сум фан на ручеци кои што (сами) се прават со часови, ама денес е недела, знаете нели? „Мојот„ ден. И затоа денес не сакам премногу време да поминувам во кујна. Имам поважни работи. Како на пример, филмски маратон! Јеееј! 🙂

Иако се направени од пилешки стек (филе), кој е сам по себе доста сув, овие раженчиња се далеку од тоа. Меки и сочни, со мноштво вкусови кои постепено ви експлодираат во устата додека ги јадете. Е, за тие експлозии се виновни зачините. Кога си играте со зачини, треба да знаете да ги комбинирате, а најбитно од се‘, да ги дозирате во правилна мерка. Ако ги нема доволно, сте добиле здодевен и на вкус безличен залак. Ако претерате, може да се случи да го уништите целиот оброк. Затоа, внимателно!

Од друга страна пак, кромидот со пржењето станува стаклест и сладок и е вистински контраст на зачинетото месо. Едноставно, како да имате симфонија во тањирот пред себе.

2

Количината во овој рецепт е за едно лице. Вие зголемувајте состојки по потреба.

Потребно:

  • 200 гр пилешки стек (филе)
  • една помала главица кромид
  • по вкус, сол
  • по вкус, бибер
  • 1/4 лажичка ѓумбир во прав
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка црвена зачинска пиперка (блага)
  • 1 лажица масло (овде маслиново)
  • 1 лажица Ворчестер сос

За прилог имав зелена салата со бел дресинг.

  • 70 гр зелена салата
  • 5 гр дижон сенф
  • 15 гр мајонез
  • 10 гр кисела павлака
  • 1 лажиче јаболков оцет

Месото исечете го на поситни коцки и ставете го во подлабок сад. Додадете ги сите зачини, маслото и Ворчестер сосот. Убаво измешајте и оставете го во фрижидер да одстои најмалку 30 минути.

Кромидот излупете го и исечете го на средно големи кругови, а круговите на половина. На стапче за ражнич, наизменично редете месо и кромид. Јас добив 6 мини раженчиња.

На оган загрејте тава во која има малку масло за јадење. Јас користам кокосово масло. Кога тавата ќе се загрее, спуштете ги раженчињата и намалете ја јачината на ринглата, бидејќи од Ворчестер сосот, може да се случи однадвор да ви загорат, а одвнатре да бидат полупечени.

Често вртете ги, за да не изгорат. Кога месото ќе биде готово, извадете ги и ставете ги на страна додека ја подготвувате салатата.

Листовите зелена салата, измијте ги, преполовете ги по должнина, замотајте ги како ролат и исечете ги на потенки ленти. Ако сте од оние кои што избегнуваат да ја сечат салатата, туку ја кинат со раце, направете го тоа. Јас мразам огромни парчиња салата во тањирот и затоа салатата ја сечам на тенки ленти. Попрактично е за јадење, па не изгледам како крава со листови зелена салата кои што ми се ѕверат од уста. Сериозно! А, и дресингот не ми прска на сите страни, ниту по мене.

За дресингот, измешајте ги сите состојки и убаво соединете ги. Салатата ставете ја на плиток тањир, одозгора прелијте ја со дресингот, а преку него наредете ги раженчињата.

3

=======================================================

Količine su za jednu osobu. Po potrebi, količine prilagodite prema broju osoba.

Potrebno:

  • 200 gr pilećeg filea
  • 1 manja glavica crnog luka
  • po ukusu, so
  • po ukusu biber
  • 1/4 kašičice đumbira u prahu
  • 1/4 kašičice bijelog luka u prahu
  • 1 kašičica crvene slatke začinske paprike
  • 1 kašika ulja (ovdje maslinovo)
  • 1 kašika Vorčester sosa

Za prilog sam imala zelenu salatu sa bijelim dresingom.

  • 70 gr zelene salate
  • 5 gr dižon senfa
  • 15 gr majoneze
  • 10 gr kiselog vrhnja
  • 1 kašičica jabukovog sirćeta

Meso isjeći na sitnije kockice, dodati mu sve začine, ulje i Vorčester sos, dobro promiješati i staviti u frižider na pola sata.

Glavicu luka izrezati na kolutove srednje debljine, pa kolutove prerezati na pola. Na štapiću za ražnjić, naizmjenično ređati meso i luk. Ja sam dobila 6 mini ražnjiča.

Na zagrijanu tavu u kojoj ima malo ulja (ja koristim kokosovo), položiti ražnjiće i smanjiti temperaturu, jer će od jačine vatre, Vorčester sos zagoriti, a meso će ostati polusirovo. U toku prženja, ražnjiće često okreteti kako ne bi zagorili. Kada je meso pečeno, vaditi iz tave i odložiti sa strane dok pripremate salatu.

Listove zelene salate operite, ocijedite od viška vode i prerežite uzdužno. Onda zarolajte kao rolat i isjecite na tanje rezance. Ukoliko ne praktikujete da režete salatu, nakidajte je rukama. Meni se to ne dopada, jer em izgledam kao krava sa lišćem koje mi viri iz usta, em postoji veći rizik da dresing prsće naokolo, što je baš bezveze.

Za dresing, pomiješajte sve sastojke dok se ne sjedine. Zelenu salatu rasporedite na plitkom tanjiru, odozgo je prelijte dresingom i odozgo poredajte ražnjiće.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s