Сипкава пита од јаболки/Mrvičasta pita od jabuka

Прекрасна е, неодолива, вистински рај за сите сетила. Тоа е таа, нејзиното височество, „Сипкава пита од јаболки и ореви„. Изворниот рецепт го најдов на еден друг кулинарски сајт и после првото пробување, питава ја ставивме на домашниот редовен колачарски репертоар. Со време состојките се менуваа, но главниот адут – тестото за оваа пита, си остана ист. Ја правам со години и сиве овие години еднакво уживаме како кога ја пробавме за прв пат.

Потребно

Долно тесто/подлога:

  • 125 гр меко пченично брашно тип 500
  • 50 гр путер (добро разладен)
  • 1 лажица шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1/2 пакетче лимун шеќер
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • 1 лажиче ѓумбир во прав
  • прстофат сол
  • 2 лажици ладна вода
  • 1 лажица кисела павлака

Фил:

  • 3 средно големи јаболки и сок од половина лимон
  • 1 и пол лажица мед
  • 1 лажиче цимет во прав
  • 50 гр мелени ореви

Сипкаво тесто:

  • 100 гр меко брашно тип 500
  • 50 гр добро разладен путер
  • 50 гр мелени ореви
  • 3 супени лажици шеќер

Најпрво го правиме долното тесто, односно подлогата.

Во мултипрактик или во сецко, ставете ги брашното, прашакот за пециво, солта, ванил шеќерот, лимон шеќерот, ѓумбирот во прав, киселата павлака, водата и путерот и провртете кратко, Мешавината треба да изгледа како песок. Истурете ја на масата и со раце, стиснете го песокливото тесто, за да добиете топка. Замотајте ја во стреч фолија и оставете ја 30 минути во фрижидер, додека го подготвувате филот. Јаболките излупете ги и изрендајте ги на крупната страна на рендето. Додадете ги сокот од лимон, циметот и медот и оставете ги на страна додека јаболките не пуштат сок.

Сега веќе оладеното тесто за подлогата на питата, развлечете го на набрашнета површина во соодветната форма (тркалезно, ако питата ја печете во тркалезна тепсија, правоаголно, ако ја печете во правоаголен сад и сл.).

Јас прво премерувам хартија за печење во однос на садот во кој што ќе ја печам, а потоа на набрашнетата хартија го развлекувам тестото и со се хартијата ја префлам во тепсијата. Да напоменам дека тестото треба едно 0.5 цм да излегува од хартијата за печење, за да може малку да се издигне по рабовите на садот за печење. Јаболките исцедете ги, бидејќи за оваа пита, сокот не ви е потребен, затоа што само ќе го раскашави тестото. Во исцедените јаболки додадете ги мелените ореви и филот ставете го врз подлогата.

Од кога ќе ја нафилувате питата, го припремате горното,сипкаво тесто. Во мултипрактик, ставете го шеќерот, брашното и путерот и кратко провртете, за да повторно добиете песокливо тесто. Додадете ги мелените ореви и со рака стискајте го тестото, за да формирате мали грутчиња, ставете го преку филот од јаболки и ореви.

Печете во претходно загреана рерна на 200 Ц, додека горниот слој убаво не порумени. Печената пита оставете ја да се олади, за да се зацврсти горниот слој. Изладена, сечете ја на парчиња по желба и уживајте!

14947730_10154232130834247_5069610509097652123_n

Напомена

Дадената количина на состојки е за малечка квадратна тава со димензии 20х20 цм. Кога ќе ги дуплирате состојките, се добива количина доволна за тркалезна тепсија со димензии 26-28 цм. Филот може да го менувате, по желба. Понекогаш ја правам со шумско овошје, некогаш со мармалад од сливи, од кајсии и сл.

==========================================================

Potrebno

Donja kora/podloga

  • 125 gr glatkog pšeničnog brašna
  • 50 gr dobro ohlađenog maslaca
  • 1 kašika šećera
  • 1 paketić vanilin šećera
  • 1/2 paketića limun šećera
  • 1 kašičica praška za pecivo
  • 1 kašičica đumbira u prahu
  • prstohvat soli
  • 2 kašike hladne vode
  • 1 kašika kiselog vrhnja

Fil

  • 3 srednje velike jabuke i sok od pola limuna
  • 1 i po kašika meda
  • 1 kašičica cimeta u prahu
  • 50 gr mljevenih oraha

Mrvičasto tijesto

  • 100 gr glatkog pšeničnog brašna
  • 50 gr ohlađenog maslaca
  • 50 gr mljevenih oraha
  • 3 kašika šećera

Prvo radimo podlogu za pitu. Od svih sastojka zamjesite tijesto, formirajte ga u loptu, malo ga spljoštite, zamotate u plastičnnu foliju i stavite 30 min u frižider, da tijesto malo odstoji. Dok tijesto odmara, pripremamo fil. Jabuke oguliti, narendati na krupniju stranu rendeta, dodati limunov sok, med i cimet i ostaviti na stranu da jabuke puste sok.

Izvaditi tijesto iz frižidera i na blago nabrašnjenoj podlozi razvaljati u krug ili u pravouganik (u zavisnosti od forme posude u kojoj će te peći pitu). U posudi za pečenje stavite pek papir i na njega položite tijesto. Prilokom postavljanja tijesta, odignite rubove istog za jedno 2 cm u visinu, pa tek onda stavite fil. Jabuke prvo ocijedite od soka kojeg su pustile stajanjem, a onda ih nanesite na podlogu od tijesta.

Za mrvičasti sloj odozgo, rukama ili u multipraktiku pomiješajte sve sastojke. Ako ćete ručno raditi mrvice, onda rukama trljajte brašno i šećer među dlanovima, dok se ne stvori pjeskovita tekstura, a onda dodajte i ostale sastojke.

Rukama stišćete mrvice, kako biste formirali male grudice i time posipate jabuke. Vodite računa da čitav fil od jabuka bude prekriven mrvičastim tijestom.

Pecite u zagrijanoj rerni na 200 C, dok pita ne porumeni. Pečenu pitu obavezno ostaviti da se malo ohladi, kako bi se mrvice odozgo stisle hlađenjem, jer se onda puno bolje reže.

NAPOMENA

Ova količina sastojaka je za manju posudu za pečenje dimenzija 20×20 cm. Za standardnu veličinu okruglog kalupa od 28 cm, uduplajte sastojke. Takođe, fil možete mijenjati po želji: neka druga vrsta voća, marmelada, pekmeza i sl.

 

Advertisements

2 thoughts on “Сипкава пита од јаболки/Mrvičasta pita od jabuka

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s