Пире од карфиол/Pire od karfiola

Ако мислевте дека немам веќе идеи што со карфиолот кој што уште малку и на уши ќе почне да ми излегува, сте се зезнале, ха! Денес за ручек, свински кременадли и пире од карфиол. За младунче, помфрит оти на кутриот од карфиол му е преку глава. Од кременадлите не ни е преку глава, дека месождери, не за друго. 😉

Потребно (за 2 лица)

  • 500 гр карфиол
  • 40 гр путер
  • 1 до врв полна супена лажица крем сирење или кисела павлака со поголема масленост (погуста е, па нема да го разводни пирето)
  • сол по вкус
  • лук во прав или во гранули

Јас овој пат користев замрзнат карфиол, но вие можете да си го подготвите и со свеж. Сигурно ќе биде поубав на вкус! Значи, карфиолот се става во зовриена вода во која има една лажичка сол. Се вари додека не омекне, но доообро внимавајте да не го преварите, затоа што ќе впие многу вода и пирето ќе ви биде воденесто.

2

Варениот карфиол исцедете го од водата, ставете го во подлабок сад, додадете го путерот и лукот во прав и со стапчест миксер направете пире. Сега додадете го крем сирењето или киселата павлака и доколку има потреба, досолете.

Ако го изоставите крем сирењето, ќе добиете хроно ручек. Среќа во ЛЦХФ исхраната нема такви ограничувања, бидејќи без овој додаток, пирето го нема оној „полн вкус„.

5

==============================================================

Potrebno (za 2 osobe)

  • 500 gr karfiola
  • 40 gr putera
  • 1 vrhom puna kašila krem sira ili milerama
  • so, po ukusu
  • bijeli luk u prahu ili u granulama, po ukusu

Možete koristiti smrznuti ili svježi karfiol. Ja sam ovaj put koristila smrznuti iako vjerujem da je pire sa svježim karfiolom puno bolji. Skuhati karfiol u vodi sa jednom kašičicom soli, paziti da se karfiol ne prekuha, jer će onda pire biti vodenastije.

Skuhani karfiol ocijediti od vode, dodati mu sve ostale sastojke osim krem sira/milerama i usitniti ga štapnim mikserom. Sada umiješati krem sir, da se sve fino sjedini. Prekontrolišite slanost i po potrebi dosoliti.

Ukoliko se izostavi krem sir, onda je ovaj prilog odličan za osobe koje se hrane po Hrono prehrani, jer u LCHF prehrani, restrikcija na mliječne proizvode tokom dana, ne postoji.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s