Наполеон труфли/Napoleon trufle

Наполеон труфли е мој авторски рецепт, кој настана како продукт на истражувања и комбинација на повеќе состојки. Имено, не практикувам додавање на термички необработени јајца во десертите, па барав начин како да ги направам овие познати труфли, без спорната жива белка која инаку е вообичаен составен дел на овие бомбичиња. По вкус, многу потсетуваат на познатите рум плочки, кои будат спомени од детството, а филот од варени жолчки е вистински куриозитет во морето на десерти кои секојдневно се во експанзија. Некако, како поминува времето, се‘ почесто се навраќам на некои подзаборевени рецепти, на стари рецепти за бисквитни кори и филови. Мирисаат на детство, на дома, на мрзелива недела и весели празници. Мирисаат на живот.

Потребно

Темна смеса:

  • 100 гр печени ситно сецкани бадеми
  • 100 гр мелен Плазма кекс
  • 150 гр шеќер во прав
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 2 супени лажици рум
  • околу 30 мл неутрална павлака за готвење

Жолт фил:

  • 2 тврдо варени жолчки
  • 50 гр путер
  • 120 гр шеќер во прав

За валкање на труфлите:

  • околу 50 гр темно, горко какао

Најпрактично е прво да ги направите жолтите топчиња, односно внатрешноста на труфлите. Тврдо варените жолчки (не ги преварувајте, за да не ви бидат темнозелени) испасирајте ги и измешајте ги со шеќерот во прав и со размекнатиот путер. За да не ви се прават грутчиња од пасираните жолчки, најубаво ќе ги испасирате ако ги протиснете низ цедалка за чај.

Смесата ставете ја во фрижидер добро да се олади и потоа внимателно формирајте малечки топчиња со големина на џамлија. Мене ми излегоа 18 топчиња. Ќе беа и повеќе, ако не изедов малце од смесата додека се ладеше. Топчињата ставете ги во замрзнувач, додека ја подготвувате обвивката, односно темната смеса.

15781573_10154397559114247_5704914709146467991_n

За темната смеса, истопете ги чоколадото и путерот, внимавајте да не ви зоврие или ви загори. Печените бадеми иситнете ги во сецко, за да останат и малку покрупни парченца. Убаво е кога крцкаат под забите. Во еден сад, ставете ги бадемите, додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав и румот. Убаво со рака измешајте и внимателно додавајте неутрална павлака за готвење. Внимавајте на количината на павлаката, бидејќи не секој кекс впива еднаква количина на течност. Кога се‘ ќе измешате убаво, ќе се формира смеса која што се одвојува од ѕидовите на садот. Сега, поделете ја на онолку делови колку што имате жолти топчиња. Секое парче темна смеса растенчете го на раката како плескавица и во средината ставете го жолтото топче (директно од замрзнувач). Формирајте топче и оставете го на страна. Вака формираните труфли, извалкајте ги во просеано горко какао (без додаток на шеќер), ставете ги во корпички и оставете ги на студено, да се стиснат. Вака подготвени можат да стојат со денови, во добро затворена кутија и на студено место.

15826179_10154397558964247_847945255614468241_n

===============================================================

Potrebno

Tamna smjesa:

  • 100 gr pečenih, sjeckanih badema
  • 100 gr mljeveni Plazma keks
  • 150 gr šećera u prahu
  • 150 gr čokolade za kuhanje
  • 2 supene kašike ruma
  • oko 30 ml vrhnja za kuhanje

Žuti fil:

  • 2 tvrdo kuhana žumanjka
  • 50 gr putera
  • 120 šećera u prahu

Za posip:

  • 50 gr tamnog, gorkog kakaa

Najpraktičnije je prvo napraviti male loptice od žutog fila. Tvrdo kuhane žumanjke (paziti da se ne prekuhaju, jer će vam onda žumanjci biti zeleni), propasirati kroz cjediljku za čaj, dodati razmekšani puter i šećer u prahu, dobro izmješati da se sve sastojke sjedine. Ostaviti smjesu u frižideru da se malo stisne, pa oblikovati male kuglice, veličine klikera. Loptice staviti u zamrzivač, dok pripremate tamnu smjesu.

Za tamnu smjesu bademe usitnite u sjecku, pa dodati mljeveni keks, šećer u prahu i rum. Dobro izmješati i dodati vrhnje za kuhanje, pa sve sjediniti u homogenu masu. Tamnu smjesu podijelite na onoliko dijelova koliko imate žutih kuglica. Svaki komad tamne smjese rukom razvaljati u obliku pljeskavice, na sredini staviti žutu kuglicu i zatvoriti (oblikovati kuglu).

Kugle valjati u kakao u prahu i ostaviti ih na hladnom, da se stisnu. Ovako pripremljene trufle mogu stajati danima u dobro zatvorenoj posudi sa poklopcem.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s