Поширано јајце/Poširano jaje

Ги сакам мрзеливите викенди. Недела, некогаш еден од најомразените денови, стана „мој„ ден. Ден, кој во потполност си го посветувам себеси и се разгалувам до максимум. Па да почнеме со разгалувањето од почеток. Од појадокот. Домашно подготвена пилешка салама, поширано јајце, путер врз леб без брашно. И кефир. Нема поубав почеток на денов кој доаѓа.

Поширање како термин, всушност значи згрутчување на јајцето во закиселена вода. Меѓутоа, колку и да изгледа лесно, треба малку искуство, колку да се „фатат„ цаките.

Потребно

  • јајца (количина по желба)
  • 1 литар вода
  • 2 супени лажици оцет

Во тенџере се става околу 1 литар вода и 2 супени лажици оцет и се остава водата да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата, бидејќи ако е пресилна, кога ќе го спуштите јацето, белката ќе ви се разлета по тенџерето. Значи, треба повеќе да струи, отколку да врие.

Во еден мал сад скршете го јајцето и во садот додадете неколку лажици врела вода (земете од тенџерето). Врелата вода ќе ја собере белката по краевите и нема многу да ви бега при поширањето. Сега со лажица разматете ја водата во тенџерето за да се направи вртлог и внимателно спуштете го јајцето во средината на вртлогот. Со лажицата буткајте ја белката кон жолчката, за да се спои. Варете 2-3 минути, колку белката да стане цврста. Ако сакате поцврста жолчка, продолжете го времето на варење/поширање. Пошираното јајце извадете го со решеткаста лажица и ставете го во еден сад со ладна вода, да одстои минута-две.

3

Потоа сервирајте го како самостоен оброк или како додаток на некое јадење.

===============================================

Potrebno

  • jaja (količina po želji)
  • 1 litar vode
  • 2 supene kašike sirćeta

U šerpi stavite litar vode i sirće i pustite da provri. Kada voda u šerpi provri, smanjite temperaturu, jer ako spustite jaje u vodi koja jako ključa, bjelanjak će vam se razletjeti po šerpi i nećete imati šta poširati.

5

Smanjite temperaturu ringle, dok voda u šerpi ne počne lagano ključati ili strujiti. U manjoj posudici razbijte jaje i dodajte mu par kašika vrele vode iz šerpe. Vrela voda će samo malo stisnuti bjeljanjak po rubovima i smanjiti mogućnost da se isti razleti po šerpi kada se jaje spusti u vodi. Kašikom napravite vrtlog u vodi i u sredini vrtloga polako spustite jaje i odmah kašikom ga počnite tjerati prema žumanjku. Jaja poširajte 2-3 minute, dok bjelanjak očvrsne, a ukoliko želite tvrđi žumanjak, produžite vrijeme poširanja. Poširano jaje vadite rupičastom kašikom i na minut spustite u posudi sa hladnom vodom.

Servirajte kao samostalni obrok ili kao dodatak nekom jelu.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s