Магичните комбинации на Софка: Морков салата :)

Не, ова не е мој рецепт, туку на Софка. Не ја знаете која е? А, бе онаа од дуоно „Софка за двајца„. 🙂 Ја следам на off net уште од првиот рецепт. Некако ми легна нејзниот лежерен стил на пишување на рецепти, а иста таква лежерност ги краси и нејзините рецепти. Пред неколку месеци правев еден од нејзините поинтересни рецепти со скокотливо име: „Секс во тава„. 🙂 Рецептот супер, прецизен све 5, арно ама Марфи дефинитивно реши да ми се качи на глава, а последователно на тоа, јас си ја подудавив Софка со пораки и дилеми зашто кој пендрек, филовите ми остануваа течни. Од многу што сум си инаетливо, го правев „Сексов„ едно три пати, додека не открив дека проблемот цело време лежи во произведувачот на пудингот, а не во моите готвачки вештини (шуќур, Боже!). И да ви кажам, од толку секс глава ме здоболе, мислам дека пудинзи нема да јадам до крај на животов! 🙂 а за секс, ќе подразмислам 🙂

Но, да се вратам на она што ме натера да го пикнам под микроскоп нејзиниот рецепт за салата од морков. Кога го видов прв пат, на прво читање за „паѓањето во несвест од тоа колку е салата добра, нели?„ – си помислив: а, бе ајде до толку паѓање у несвест од моркови?! И заради тоа и подзаборавив на рецептот. А, и на убер интересниот и сликовит опис на семејството на Софка и традиционалното мезење салата и пиење ракииче пред ручек. Арно ама, Софкава конечно реши да се пушти да заплива без гумени мускули у ова социјалниве мрежи и конечно отвори fan page. И токму нејзината страница ме врати назад на салатава. И и‘ напишав вчера дека ќе ја правам денес за ручек. И како наумив така направив. Додуше тровче се намачив да најдам млад кромид во Мордор (н.з. Тузла, Босна и Херцеговина), ама се вратив дома окезена и со три страка кромид у зембиљот. Иначе, во оригиналниот рецепт на Софка оди млад лук, ама во Мордор не чуле дека такво нешто постои и се користи. За млад кромид знаат што е, праат топ салата со него, ама тоа во друга прилика. 🙂

2

Салатата по состав е многу лесна за правење: морковот се ренда, му се додава ситно сечканиот млад кромид, се зачинува со оцет (кај Софка вински, кај мене јаболков) и со масло (момачки ја залив со ладно цедено маслиново масло) и на крај се додава брусница. Ох, колку бев наивна, к‘о француска собарица, мислејќи дека брусницата и морковот ќе доминираат со нивната природна слаткост. Насецкав, изрендав, измешав и пробав за да го преконтролирам вкусот на соленост. И тонч! Ама, онаков прав у сред непце. Каква експлозија на вкусови! Една совршена ненаметливост на морковот и брусницата, чија слаткост брутално ја пресекува острата арома на младиот кромид, придонесувајќи кон совршениот баланс на оваа едноставна салата. Јеботе, па ова е бомба, си помислив! 🙂

6

Ај, си реков, да ја сликнам еднаш, двапати па ќе и‘ пратам на Софка неколку фотографии, со комплименти за истата. И додека местев „сценографија„, вртејќи го тањирот налево – надесно, со лажица црпев од салатата која што ми беше оставена за ручек. Со лажица!!!

После фото сесијата, решив дека е греота само да и‘ ги тупнам фотографиите со она клишено: срцка, супер ти е салатичево и слични лигавења и решив да и‘ посветам цел пост на мојов блог.

2

Софке, она „Сексон у тава„ ме скапа, ама салатичево дефинитивно ме уништи. Сеа знам зашто паѓање у несвест. Дека и месото што требаше денес да биде главно јадење си остана во рерна, а умот ми е во чорбалакон со салата. 🙂

7

На здравје! 🙂

А, за да знаете шо зборам, еве ви ја Софката за двајца 🙂 Тоа е едно супер позитивно жениче шо знае шо праи у кујна! 😉

http://off.net.mk/sofka-za-dvajca/salati/morkov-salata

https://www.facebook.com/sofkazadvajca/

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s