Суфле од спанаќ и фета сирење/Nabujak od špinata i feta sira

Викенд е. А, викендите ги сакам бидејќи наутро ми оставаат можност повеќе да се задржам во кујна и да експериментирам. Спанаќот за овој рецепт ми беше купен за нешто друго, меѓутоа утринава маестрално си ја одигра својата улога, не во еден, туку во два совршена рецепта: суфле од спанаќ и фета сирење и ЛЦХФ американски палачинки со спанаќ.

Потребно:

  • 200 гр пасиран спанаќ (најдобро е да купите замрзнат во облик на топчиња)
  • 150 гр фета сирење
  • 20 гр кокосово масло
  • 40 гр мелено ленено семе
  • ¼ лажиче прашак за пециво
  • 1 кафено лажиче псилиум
  • ½ лажиче сол
  • ¼ лажиче лук во прав
  • 3 јајца

За овој рецепт е најдобро да се употреби замрзнат спанаќ, кој што веќе претходно е пасиран. Спанаќот сварете го во 100 мл вода, додека водата не испари колку што е можно повеќе, но внимавајте спанаќот да не ви загори.

Оставете го 10 минути малку да се излади, додека вие ги подготвувате останатите состојки.

Во топлиот спанаќ додадете го псилиумот, лененото семе и кокосовото масло и добро промешајте и повторно оставете го да се подолади. Во сега веќе млакиот спанаќ, додадете ги и останатите состојки: солта, прашакот за пециво, лукот во прав и жолчките. Со миксер убаво измешајте додека смесата убаво не се соедини. Дури сега додадете ја издробената фета и со лажица промешајте, за да се спои со спанаќот.

Од белките направете шам и со шпатула, малку по малку додавајте во смесата во спанаќ, додека не го потрошите целиот шам. Во корпички за мафини ставајте од смесата додека не се наполнат до горе. Овде не важи правилото од 1/3 полнење на корпици за мафини, туку истите треба да се наполнат до горе.

3

Печете ги во претходно загреана рерна на 200 Ц, а проверка направете со чепкалка. Времетраењето на печењето зависи од индивидуалната јачина на рерната, па и должината на печењето прилагодете го кон вашата рерна.

==================================================================

Potrebno

  • 200 gr pasiranog špinata (najbolje kupiti onaj zamrynuti špinat u malim kuglicama)
  • 150 gr feta sira
  • 20 gr kokosovog ulja
  • 40 gr mljevenog lana
  • 1/4 kašičice praška za pecivo
  • 1 kafena kašičica psilliym-a
  • 1/2 kašičice soli
  • 1/4 kašičice bijelog luka u prahu ili u granulama
  • 3 jaja

u 100 ml vode, skuhajte špinat, da tekućina ispari što je moguće više, ali pazite da vam špinat ne zagori, te ga ostavite 10tak minuta da se malo prohladi. U toplom špinatu dodajte psilliyum, mljeveni lan i kokosovo ulje i dobro promiješajte i ostavite da se smjesa smlači. U sada već, mlaku smjesu, dodajte i ostale sastojke: sol, bijeli luk, prašak za pecivo i žumanjke. Miješajte mikserom dok se smjesa na ujednači. Tek sada dodajete mrvljeni feta sir, kojeg umiješate u smjesu kašikom (ne mikserom!).

Od bjelanjaka napravite šam kojeg postepeno dodajete smjesi od špinata i sira, pažljivo i polako, kako smjesa ne bi splasnula. Ponavljajte dodavanje bjelanjaka, dok ne potrošite svu količinu.

Papirne korpice za muffine, punite čitave smjesom. Ovdje ne važi pravilo 1/3 za punjenje muffina i korpice se pune do vrha.

Peći u prethodno zagrijanu rernu na 200 C. Dužina pečenja ovisi o individualne jačine svake rerne, pa vrijeme pečenja prilagodite prema svojoj rerni.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s