Леб без брашно/Hljeb bez brašna

Совршен рецепт за леб за луѓето кои што практикуваат исхрана сиромашна со јаглени хидрати, а богата со масти. Како и кај Хроно начинот на исхрана и ЛЦХФ (малку јаглени хидрати – повеќе масти) исхраната се базира на низок удел на јаглени хидрати, но акцентот го става на зголемениот внес на масти. Во нашето тело се создава катаболизам и наместо на јаглени хидрати, телото започнува да работи на масти. На тој начин се намалува телесната тежина, се регулира нивото на инсулин и нема нагли скокови и падови на глукоза, виновниците за ненадејните напади на глад. Инаку во исхраната со висок удел на масти и низок удел на јаглени хидрати, семињата и јаткастите овошја ја играат заменската улога на брашното. Со различни мешавини на семиња и јаткасти плодови, се добиваат одлични замени за леб, кој во оваа исхрана се конзумира само и исклучиво наутро, додека другите оброци се базираат главно на зеленчук кој расте над земјата (не во почвата), на помал удел на протеини и поголема количина на масти. Па така, односот на јаглените хидрати, протеините и мастите би бил, 10% јаглени хидрати, 15% протеини и 75% масти. Или 50гр јаглени хидрати, 75 гр протеини и 167 гр масти. Меѓутоа, да нема збунка за мастите! Кога зборуваме за масти, не се мисли само на сланинка, чварки и други масни мевца или масла, туку и на мастите од јаткастите овошја, семињата, јајцата, авокадото, рибата и сл.

Долго експериментирав со хроно исхраната, но во последно време сум максимално посветена на ЛЦХФ исхраната, која што исклучително благотворно влијае на мојот организам. Нема напади на глад, сита сум, јадам кога сакам и се топам. Како чварка.

2

Туку, ај да се вратам на рецептов.

Потребно:

  • 5 јајца Л големина
  • 200 гр мелено ленено семе
  • 200 гр мелени бадеми
  • 70 гр растопен путер
  • 1 кафена лажичка сол
  • 2 рамни кафени лажички прашак за пециво
  • 1 супена лажица псилиум/индијски тегавец (или 2-3 супени лажици овесни трици, како замена)
  • 250 гр кисела павлака со минимум 20% млечна маст

Јајцата пенесто изматете ги, додадете ја киселата павлака, мелените ленени семки и мелените бадеми, солта, прашакот за пециво, псилиумот (или овесните трици), растопениот путер. Ако немате путер, совршена замена е и омекната свинска маст. Текстурата на оваа смеса треба да изгледа како погусто пире. Ако е смесата поретка, додадете уште малку мелено семе или мелени бадеми, а ако е прегусто, разредете со малку кисела павлака или јогурт. Не млеко, не вода, не кисела вода. Смесата за леб, претурете ја во долгнавест калап, на дното обложен со хартија за печење. Печете на температура од 175 Ц отприлика 1 час и 20 минути. Проверете со чепкалка дали е лебот печен, бидејќи не секоја рерна пече со иста јачина.

Лебот без проблем може да стои на собна температура два дена, а потоа се чува во фрижидер, замотан во прозирна фолија или во пластична кеса. Може и да се исече на парчиња и да се замрзне.

Во две парчиња леб, со големина како оние на фотографиите, има вкупно 1 гр јаглени хидрати.

====================================================================

5

Potrebno:

  • 5 jaja L veličine
  • 200 gr mljevenog lana
  • 200 gr mljevenih badema
  • 70 gr otopljenog maslaca
  • 1 kafena kašičica soli
  • 2 ravne kafene kašičice praška za pecivo
  • 1 supena kašika psylliuma (ili 2-3 kašike zobenih mekinja, kao zamjena)
  • 250 gr kiselog vrhnja sa min. 20% m.m ili milerama

Jaja pjenasto umutiti, dodati kiselo vrhnje, mljeveni lan, mljevene bademe, so, prašak za pecivo, psyllium (ili zobene mekinje) i otopljeni maslac. Ukoliko nemate maslaca, solidna zamjena je i svinjska mast, razmekšana na sobnoj temperaturi. Tekstura ove smjese treba izgledati kao malo gušći pire. Ukoliko je smjesa rjeđa, dodajte mljeveni lan ili mljevene bademe, a a ko je gušća, razrijedite je sa malo vrhnja ili jogurta. Nikako ne razrjeđivati sa vodom, mlijekom ili mineralnom vodom.

Smjesu za hljeb prebacite u duguljastom kalupu za hljeb, čije je dno obloženo papirom za pečenje. Pecite na temperaturi od 175 C, otprilike sat vremena i 20 minuta. Provjeriti sa čačkalicom da li je hljeb pečen, pa vrijeme pečenja prilagodite jačini svoje rerne.

Ovaj hljeb bez problema može stajati dva dana na sobnoj temperaturi, a zatim ga omotati plastičnom folijom i čuvati u frižideru. Takođe, može se izrezati na kriške i smrznuti.

U dvije kriške hljeba, veličine kao onih na mojim fotografijama, ima ukupno 1 gr ugljikohidrata.

Advertisements

3 thoughts on “Леб без брашно/Hljeb bez brašna

  1. Пингување: Hleb bez brašna

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s