Спекулас бомбици/Speculaas kuglice

Eve еден авторски, празнично Новогодишен рецепт кој оваа година се најде на нашата трпеза. Оваа година решив да не‘ изненадам со некои нови колачиња од оние кои што традиционално, со години ги правев за време на Новогодишните празници. Решив дека нема да дремам во кујна со саати, да ѕиркам низ стаклото од рерната за да проверам да не сум ги препекла колачињата. Оваа година решив да подготвам колачиња кои што не се печат. И не згрешив, ама ич! 🙂

„Спекулас„ кексите ги обожаваме! Обожаваме е мало зборче за она што го чувствуваме кон овие колачиња. Вистински зимски галеж, една експлозија на вкусови, карактеристични за зимскиот период од годината кои што едноставно ве милуваат и ве скокоткаат во грлото додека ги јадете. Бомбициве се еден вид омаж на овие колачиња. Подигнување на пиедестал, затоа што успеаја толку многу години да опстојат на пазарот и да му одолеат на конзумеризмот. Го задржаа духот на едно време безгрижно, на време кога единствениот проблем ти бил пишување на домашна задача или закачкањето на симпатијата. Вистинска временска машина за враќање во детството!

Потребно

  • 250 гр Спекулаас кекси
  • 100 гр лешници
  • 100 гр бело чоколадо
  • 2 супени лажици мед
  • 150 мл павлака за шлаг (незасладена) или неутрална павлака за готвење

Лешниците претходно пропечете ги на сува тава или во рерна. Внимавајте да не ви изгорат, бидејќи ќе горчат. Кога ќе се оладат, излупете им ја кожичката. Ако не се лупат сите, без гајле, нема многу да го расипат вкусот на колачињата. Лешниците, најубаво е да ги исецкате во сецко, за да останат покрупни парченца. Во еден сад, ставете ги лешниците, додадете го мелениот „Спекулас„ кекс и убаво измешајте.

Во мало тенџерче, ставете ја павлаката и загрејте ја на рингла, додека не се појават меурчиња, значи пред да зоврие. Тргнете ја на страна и во неа додадете го чоколадото искршено на помали коцки и медот. Убаво измешајте за да се растопи чоколадото и оставете едно 5 минути, да се подизлади. Со оваа мешавина прелијте ги лешниците и кексот и убаво измешајте. Оставете ја смесата на ладно малку да се стегне и од неа формирајте бомбици.

Бомбиците извалкајте ги во мелени лешници и ставете ги во мали кошнички. Чувајте ги во затворена кутија, на студено место. Ако успеете да ги дочувате. Кај нас исчезнуваат со светлосна брзина!
==================================================================

Evo još jednog autorskog recepta, praznično Novogodišnji koji je ove godine krasio naš Novogodišnji sto. Ove sam godine odlučila da ne pravim niti jedan kolačić koji sam godinama tradicionalno pravila za Novu godinu, već da napravim nešto novo. Drugačije. I rekla sam samoj sebi da nema nakuhavanja, nema torte i nema pečenja kolača do beskraja. Ove godine radim samo nepečene kolačiće. I tako i bi. 🙂

Malo je reći da obožavamo Speculaas keksiće! Predivni zimski keks pun aroma koji jednostavno grije kada se jede. Cimet, klinčić, papar, ljepota od okusa i začina. Odrasla sam uz njih, bili su mi neotuđivi ritual uz šolju čaja i ovaj je recept svojevrsni omaž njima. Jer su uspjeli da u vrijeme histeričnog konzumerizma, zadrže svoje mjesto na policama. I u domovima ljudi. Svaki put me vrate u vrijeme djetinjstva, vrijeme kada ti je jedini problem bio nenapisana zadaća ili zadirkivanje simpatije. 🙂 Prava vremenska mašina za povratak u djetinjstvo!

Potrebno

  • 250 gr Speculaas keks
  • 100 gr lješnjaka
  • 100 gr bijele čokolade
  • 2 supene kašike meda
  • 150 ml vrhnja za šlag (nezaslađeno) ili vrhnje za kuhanje

Lješnjake prethodno propečemo na suhoj tavi ili u rerni, ohladimo i skinemo kožicu. Najbolje ih je usitniti u sjecku, jer ostanu i malo krupniji komadići koji fino krckaju pod zub. Speculaas keks samljeti i pomiješati sa lješnjacima.

U manju šerpicu, ugrijati vrhnje do samog vrenja, ali paziti da ne zakipi. Skloniti sa ringle i dodati izlomljenu čokoladu i med, promiješati da se čokolada i med rastope i ostaviti jedno 5 minuta da se prohladi.

Ovim zaliti lješnjake i keks, dobro izmješati da se sastojci sjedine i ostaviti na hladnom mjestu da se smjesa ohladi. Ohlađenu smjesu oblikovati u kuglice, uvaljati u mljevene lješnjake i staviti u manje korpice.

Čuvati u zatvorenoj kutiji sa poklopcem, na hladnom mjestu. Ako ih uspijete sačivati, jer kod nas nestaju brzinom svjetlosti. 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s