Турско пиде/Tursko pide

Младунче број 2 ги обожува! Ретко ги правам, бидејќи тешко запира човек со јадењето, па после си плачеме кога ќе застанеме на вага. Меѓутоа, веќе неколку дена пека за „турски пици„, како што ги нарекува, па мајка реши да го разгали за денешниов, неделен ручек.

5

Потребно

Тесто:

  • околу 500 гр меко брашно тип 400
  • 200 мл млака вода
  • 100 мл млако млеко
  • 50 гр растопен путер
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 20 гр (половина коцка) свеж квасец

Фил:

  • 300 гр мелено месо
  • 1 средно голема главица кромид
  • 1 мала конзерва домат – пелат
  • малку масло за пржење

Зачини (количина по вкус):

  • сол
  • бибер
  • суво оригано
  • црвен пипер
  • мелен ким или кумин

Прво направете го тестото. Квасецот помешајте го со малку топла вода, брашно и шеќер и оставете го да се запени. Потоа додадете го остатокот од водата и млекото, растопениот путер и солта и замесете меко тесто, кое што е малку лепливо под прстите. Наведената количина на брашно, може да варира повеќе или помалку, бидејќи не сите брашна впиваат еднаква количина на течност, па вие додавајте или одземајте, во склад со карактеристиките на брашното кое што го користите.

Тестото формирајте го во топка, ставете го во набрашнет сад, одозгора прекријте го со крпа и оставете го на топло да мирува, додека не го удвостручи својот волумен. Додека тестото мирува, подгответе го филот.

3

На малку масло пропржете главица ситно сецкан кромид, додадете го месото и пржете додека месото не ја промени бојата и водата од него не испари. Сега додадете ги зачините и тргнете го на страна. Конзервираниот домат-пелат, исецкајте го на поситни парченца и додадете го на филот од месо.

Кога тестото е удвостручено, префрлете го на работна површина и поделете го на 6 парчиња, од кои што формирате топчиња. Со сукало растегнете ги топчињата во овални форми, ставете од филот со месо и краевите од тестото завиткајте ги како хартија од бомбони.

4

Пидето печете го во претходно загреана рерна на 200 Ц, додека одозгора не порумени.

Се служи со јогурт или со ајран или кисело млеко.

=========================================================

Tursko pide

Potrebno

Tijesto:

  • oko 500 gr mekog brašna tip 400
  • 200 ml mlake vode
  • 100 ml mlakog mlijeka
  • 50 gr rastopljenog maslaca
  • 1 kašika šećera
  • 1 kašičica soli
  • 20 gr (pola kockice) svježeg kvasca

Nadjev

  • 300 gr mljevenog mesa
  • 1 srednje velika glavica luka
  • malo ulja za prženje
  • 1 mala konzerva paradajz pelata

Začini (količina po ukusu)

  • so
  • biber
  • suhi origano
  • mljevena crvena začinska paprika
  • mljeveni kim ili kumin (nije ist začin!)

Najprije napravite tijesto. Od navedenih sastojaka zamijesite mekano tijesto koje je malo ljepljivo pod prstima. Obzirom da sva brašna ne upijaju jednaku količinu tekućine, brašno dodati postepeno. Formirati u kuglu, staviti u pobrašnjenu posudu, prekriti kuhinjskom krpom i ostaviti da udvostruči volumen.

Dok tijesto odmara, napraviti nadjev.

Na malo ulja propržiti sitno sjeckanu glavicu luka, dodati meso i pržiti dok meso ne promijeni boju i dok sva voda iz njega ne ispari. Sada dodati začine, promiješati i skloniti sa strane. Pelat iz konzerve sitno nasjeckati i dodati nadjevu od mesa.

Od nadošlog tijesta, formirati 6 kuglica tijesta, razvaljati u ovalnu formu, krajeve saviti kao papir od bombona, a sredinu napuniti pripremljenim nadjevom.

Peći u prethodno zagrijanoj rerni na 200 C, dok ne porumene.

Služe se uz jogurt, ajran ili kiselmo mlijeko.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s