Полнети лигњи/Punjene lignje

Со младунче број 2 се договоривме да почнеме да правиме седмични менија за ручеците. Не дека многу се придржуваме кон реченото, ама не е до нас. 🙂 Ги видов во еден од локалните маркети и си велам, „па добро, денес не мора риба, ќе правам лигњи вулгарис и овие пливаат па нема многу да одскокнеме од планираното мени„ 🙂 Меѓутоа, кога се одмрзнаа, се фатив за глава, затоа што во пакувањето од 500 гр лигњи, имаше 5 џиновски лигњи! Значи, од нив лигња вулгарис, не ме бендисува, па се сетив на еден стааар рецепт од еден ресторан во Зеница, каде што постојано ги нарачував, се’ додека не ги симнаа од менито. Лигњи „Лапуд„. И еве ги, во понешто изменето издание, но сепак ме вратија во едни убави времиња. Па еве, да го споделам рецептов и со вас 🙂

Потребно

  • 500 гр лигњи
  • околу 100 гр трапист/ементалер/гауда
  • околу 100 гр шунка од мисиркини гради
  • маслиново масло

Прелив

  • 3 чешниња лук ситно, ситно сецкан
  • магдонос
  • ладно цедено маслиново масло
  • сок од еден лимон
  • сол

Прилог

  • 400 гр барена блитва или спанаќ

Ако користите замрзнати лигњи, оставете ги во фрижидер да се одмрзнат. Кога ќе се одмрзнат, во случај да не се исчистени, прво морате да ги исчистите и добро да проверите дали во краците им останал забот, кој што знае да биде незгоден ако се лапне 🙂 Измијте ги под млаз вода и оставете ги во некој сад, додека го подготвувате полнењето.

На ситни коцки, исечкајте го трапистот или некое друго жолто сирење, а истото направете го и со шунката од мисиркини гради. Во рецептот е наведена оквирна количина на шунка и жолто сирење, а таа зависи од големината на лигњите. Подобро да исечкате помалку, па ако има потреба да додадете, отколку да ви останува мастраф. Напомена; во оригиналниот рецепт, наместо шунка се става ситно сецкан пршут, меѓутоа ние се држиме до помалку калорични намирници, па пршутот го заменив со нешто полесно и помалку калорично. Што ќе ставите вие, до вас е.

Лигњите се полнат со сечканите шунка и жолто сирење, но не до крајот. Се остава отприлика еден прст празно (ако лигњите се големи) или пола прст (ако лигњите се помали). Ова се прави затоа што лигњите при пржењето ќе се соберат и ќе се надуваат, па може да се случи да пукнат и да ви се исцеди полнежот.

4

Наполнетите лигњи се затвараат со чепкалка и се редат во подлабок сад во кој има маслиново масло. Додадете ги и краците во садот, ги пржиме и нив! Се поклопуваат со капак, се ставаат на рингла, на средно јака температура и се пржат додека не поруменат, со повремено превртување додека не добијат црвенкаста боја.

За преливот, лукот се сецка на многу ситни коцкички, се додава сол, сок од лимон, ладно цедено маслиново масло и магдонос. Со оваа мешавина се прелеваат печените лигњи и барениот спанаќ или блитва.

5

=============================================================

Punjene lignje

Potrebno

  • 500 gr lignji
  • oko 100 gr trapista/ ementalera/gaude
  • oko 100 gr pureće šunke
  • maslinovo ulje, za prženje

Preliv

  • 3 čena sitno, sitno sjeckani bijeli luk
  • peršun
  • sok od jednog limuna
  • so
  • ekstra djevičansko maslinovo ulje

Prilog

  • 400 gr barene blitve ili špinata

Ukoliko koristite zaleđene lignje, prvo ih ostaviti u frižideru da se odlede. Odleđene, očistiti ih i posebno provjeriti da li je u kracima ostao zub, jer ako ne izvadi, zna biti jako neugodan kada ga se zagrize. Provjereno! 🙂 Očišćene lignje oprati pod mlazom vode i odložiti sa strane, dok pripremate punjenje.

Za punjenje, sitno nasjeckati šunku i trapist. U receptu je navedena okvirna količina, međutim ona zna varirati u skladu sa veličinom lignji, pa je tako bolje da sami procjenite i da prvo nasjeckate manju količinu, pa ako zafali, dodati još dok ne bude dovoljno za punjenje. Napomena; u originalnom receptu se namjesto šunka/prsa, koristi pršut, međutim obzirom da se mi držimo principa korištenja manje kaloričnih namirnica, ovdje sam koristila dimljena pureća prsa. Vi, naravno možete koristiti ono što vam najbolje odgovara.

Lignje napuniti, ali ne do kraja. Ako su lignje velike, ostaviti jedan prst praznog prostora, a ako su manje, pola prsta. To je zato što se prilikom prženja lignje skupljaju i duvaju, pa se može desiti da vam puknu i da nadjev iscuri. Zatvoriti čačkalicom i položiti na malo maslinovog ulja u neku dublju posudu sa poklopcem u kojoj će se pržiti. Dodati i krakove lignji i tek sada uključiti ringlu na srednju jačinu i pržiti uz povremeno okretanje, dok ne dobiju tu karakterističnu crvenkastu boju.

Za preliv, luk isjeckati na što sitnije kockice, dodati so, sok od limuna, ekstra djevičansko maslinovo ulje i peršuna i time preliti i lignje i barenu blitvu ili špinat.

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s