Пица од карфиол/Pizza od karfiola

Продолжуваме со серијалот рецепти со карфиол! 🙂 Не дека од што многу го сакам, туку од што морам да го јадам, бидејќи е намирница со низок гликемијски индекс и има таканаречени „негативни калории„.

Оваа пица се прави многу лесно. Едноставна, мошне заситна и со привремено чувство дека божем јадете пица. 🙂 Секако дека „тестото„ од карфиол, не може да се спореди со класичното тесто за пица кое се прави од брашно, но е сосема солидна замена, ако баш не можете да и‘ кажете не, на брзата храна. 🙂

img_2266

Потребно

За тесто од карфиол:

  • 400 гр замрзнат карфиол (може и свеж, секако)
  • 2 јајца
  • 30 гр рендан пармезан
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1/2 лажичка сол
  • бибер по вкус
  • малку лук во прав

Фил/Топинг

  • околу 100 мл сос од домати
  • 50 гр рендан кашкавал (овде “Шмарски рок” со 25% м.м)
  • 50 гр сецкани чадени мисиркини гради
  • зачин за пица (босилек, оригано, мајоран, мајчина душица)

Ако користите замрзнат карфиол, прво морате да го оставите целосно да се одмрзне и да го исцедите вишокот на вода. Ако користите свеж карфиол, разделете го на цветчиња и измијте го под млаз вода и исцедете го.

На ренде или во сецко, ставете ги цветовите карфиол и иситнете ги, до зрнеста структура. Ренданиот/сецканиот карфиол ставете го во сад и додадете му 1/2 лажичка сол. Оставете го 30 минути, додека солта не ја извлече водата од карфиолот.

img_2203

После 1/2 час, ставете го карфиолот во кујнска крпа и почнете да ја цедите водата. Цедете добро, за да остане што помалку вода во карфиолот. Штом вишокот вода е исцедена, вратете го карфиолот во сад и додадете ги зачините; бибер и лукот во прав и ренданиот пармезан. Нема потреба да солите, бидејќи, карфиолот веќе има сол. Додадете ги јајцата и 1 лажичка маслиново масло.

На дното на тркалезна тепсија, ставете хартија за печење. Врз хартијата ставете ја смесата од карфиолот и со шпатула рамномерно формирајте „тесто„. Печете во претходно загреана рерна на 250 Ц, додека краевите не почнат да добиваат златно кафена боја.

img_2212

Додека се пече „тестото„, подгответе го филот. Кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето, а чадените гради, исецкајте ги на поситни коцки. Бидејќи дома имав два домата кои се влечкаа во фрижидер со денови, од нив направив сос за пицата.

Штом „тестото„ е печено, извадете го од рерна и премачкајте го со сосот од домати, ставете малку зачин за пица, наренданиот кашкавал и на крај, коцките чадени мисиркини гради.

img_2216

Се разбира, филот може да биде и друг, по желба, меѓутоа јас се држам до правилото да се користат намирници со помалку калории.

Штом сте ја нафилувале пицата, вратете ја во рерна, во која е уклучен само горниот греач и печете додека кашкавалот не се растопи. Печена, оставете ја на решетка неколку минути да се излади, а потоа, уживајте! 🙂

img_2268

=============================================================

Pizza od karfiola

Potrebno

Za tijesto od karfiola:

  • 400 gr zamrznutog karfiola (može i svježi, svakako)
  • 2 jaja
  • 30 gr sira ribanca
  • 1 kašičica maslinovog ulja
  • 1/2 kašičice soli
  • biber po ukusu
  • bijeli luk u prahu

Za fil/toping

  • oko 100 ml pasiranog paradajza
  • 50 gr ribanog sira (koristila sam Šmarski rok sa 25% m.m.)
  • 50 gr sjeckana dimljena pureća prsa
  • začini za pizzu (bosiljak, origano, majčina dušica, majoran)

Ukoliko koristite zamrznuti karfiol, ostavite ga da se u potpunosti odledi, a onda mu ocijedite višak vode. Ukoliko koristite svježi karfiol, razdijelite ga na cvjetiće i operite ih pod mlazom vode i ocijedite ih.

Na rendetu ili u sjecku, stavite cvjetiće karfiola i izrendajte/usitnite ih, do zrnate strukture. Rendani/sjeckani karfiol prebaciti u prigodnu posudu i dodati mu 1/2 kašičice soli, dobro promiješati i ostaviti ga 30 minuta, da so odradi svoje.

Poslije 30 minuta, prebaciti karfiol na kuhinjsku krpu i ocijediti ga od viška vode. Ukoliko ste koristili smrznuti karfiol, morat ćete cijediti više i duže. Ocijeđeni karfiol, vratiti u posudu i dodati mu začine, maslinovo ulje, jaja i sir ribanac. Nema potrebe soliti, jer je karfiol već posoljen.

Na dno okrugle tepsije staviti papir za pečenje, pa na papir izručiti “tijesto” od karfiola. Špatulom ravnomjerno rasporediti po dnu tepsije i staviti peći u prethodno zagrijanoj rerni na 250 C, dok krajevi “tijesta” ne postanu zlatno smeđi.

Izvaditi “tijesto” iz rerne, pa je premazati sosom od paradajza, staviti malo začina za pizzu, rendani sir i sjeckana pureća prsa. Pizzu vratiti u rernu sa uključenim gornjim grijačem i peći dok se sir ne otopi.

Naravno, fil može biti i od drugih namirnica, ali ja se držim pravila da koristim namirnice sa manje kalorija.

Pečenu pizzu, ostaviti na rešetki da se malo ohladi, a onda, uživati! 🙂

 

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s