Лосос со пире од брокула/Losos sa pireom od brokule

Многу сакам лосос! Печен, пржен, димен, на крекерче со малку лимон, маслиново масло и бибер..ммммм мљац! 🙂 Овде, не можам да го најдам освен замрзнат, па иако се работи за упитен квалитет кој никако не кореспондира со цената, сепак се наоѓа на нашата трпеза.

4

Со оглед дека морам да избегнувам „нездрави„ јагленохидрати, се одлучив за пире од брокула, како прилог на оваа вкусна риба. Подготовката на ручеков, не одзема премногу време, а резултатот е еднакво пропорционален на задоволството кога ќе се проба. Вистинска гастро рапсодија. 🙂

Количината на состојките во рецептот подолу, се за две лица. Вие, дуплирајте ако треба! 🙂

Потребно:

  • 400 гр лосос (овде замрзнат)
  • 400 гр брокула (замрзната)
  • 50 мл неутрална павлака за готвење
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лимон
  • околу 30 мл маслиново масло, за пржење и за преливот
  • сол
  • сушен копар

Ако користите замрзнат лосос, прво одмрзнете го и ставете го во цедилка да се исцеди вишокот на вода. Потоа, ако се работи са парчиња со нееднаква дебелина, како што беше во мојот случај, исечете го тенкиот дел од парчето лосос. Отсечените делчиња одат во тава, како и големите парчиња, да си знаете! 🙂

02

03

Вака подготвениот лосос, ставете го на хартиени салфети, за да му се одстрани вишокот на вода. Така ќе спречите прскање при пржење, а и лососот ќе се пржи, а не динста. Рибата добро посолете ја.

04

На јак оган, пржете, прво со кожата на страната на тавата во која има маслиново масло! После 3-4 минути, превртете ја рибата на страна и пржете уште 1 минута, па превртете ја на спротивната страна и пржете уште една минута. На крај, рибата превртете ја со кожата нагоре и пржете уште една минута. Внимавајте да не ја препржите, затоа што ќе биде сува како дрво.

06

Сега направете го пирето од брокули. Во сад со вода во која се става една лажичка сол, ставете ги цветчињата од брокула. Варете отприлика 5 минути (ако е замрзната) или малку подолго, ако е свежа брокула. Внимавајте да не ја преварите, затоа што убавата зелена боја ќе ја смени во маслинесто зелена, а тоа баш и не е убаво за око, а и ќе биде поводенеста.

01

Штом ќе биде варена, префрлете ја во цедилка и добро исцедете ја од водата. Во пригоден сад, додадете ја брокулата, едно чешне ситно сецкан лук и со стапчест миксер измиксајте ја во пире. На вака измиксаната брокула, додадете и’ ја неутралната павлака и со шпатула добро промешајте ја смесата за да стане хомогена.

05

Од другото чешне лук, малку маслиново масло, сушениот копар, сокот од половина лимон и малку сол, направете прелив и со него прелијте го пржениот лосос.

07

Толку! 🙂

==============================================================

Losos sa pireom od brokule

Količina namirnica je za dvije osobe. Vi duplirajte, ako je potrebno!

Potrebno:

  • 400 gr lososa (ovdje zamrznuti)
  • 400 gr brokule (ovdje zamrznuta)
  • 50 ml vrhnja za kuhanje
  • 2 čena bijelog luka
  • 1/2 limuna
  • oko 30 ml maslinovog ulja, za prženje i preliv
  • so
  • sušeni kopar

Ukoliko koristite zamrznuti losos, prvo ga odlediti i staviti u cjediljku da se ocijedi od viška vode. Zatim, ukoliko se radi o komadima sa nejednakom debljinom, odrezati tanji dio, koji se ne baca, nego se, takođe prži! 🙂

Ovako pripremljeni losos, staviti na papirnate ubruse da upije višak vode. Tako ćete spriječiti da vam riba prska u tavi, a i losos se treba pržiti, a ne dinstati. Ribu dobro posoliti.

Na jaku vatru, pržiti ribu u tavi sa maslinovim uljem, okrenutu sa kožem dolje, na tavi. Pržiti 3-4 minute, a zatim je okrenuti na stranu, pržiti 1 minutu, okrenuti na suprotnu stranu, pržiti još 1 minutu i na kraj okrenuti sa kožom prema gore i pržiti još 1 minutu. Pažljivo kod prženja, da je ne prepržite, jer će onda biti suha kao drvo.

Sada napraviti pire od brokule. U šerpu staviti vodu u kojoj je dodata jedna kašičica soli i dodati cvjetiće brokule. Kuhati nekih 5 minuta, ako je brokula zamrznuta ili par minuta duže, ukoliko se koristi svježa brokula. I ovdje paziti da se brokula ne prekuha, jer će izgubiti divnu zelenu boju, i postat će maslinasto zelena, a to nije baš lijepo za oko, a brokula će biti vodenasta.

Kada je brokula skuhana, ocijediti je od viška vode i staviti u prigodnu posudu. Dodati 1 čen sitno sjeckanog bijelog luka i štapnim mikserom smrviti je u pire. Sada dodati vrhnje za kuhanje i špatulom dobro promiješati da se sastojci povežu.

Drugi čen luka sitno nasjeckati, dodati mu malo maslinovog ulja, sušenog kopra i sok od pola limuna i time preliti ribu.

Toliko! 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s