Крокети од карфиол/Hash browns od karfiola

Ги видов на една од многубројните ФБ страници за храна, Tasty. И ми фатија око од прва! Му се враќав на рецептот неколку пати синоќа и денес после тренинг отидов да купам свеж карфиол. 🙂

И еве ги, вкусни, ароматични, здрави. Единствена маана им е што од оваа смеса излегуваат толку малку, а дома имате едно чудо гладни очи! 🙂

1

Потребно:

  • 1 средно голема главица карфиол (мојата беше околу 1 кг)
  • 1/2 лажиче сол (за ренданиот карфиол)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сушен влашец
  • 3 чешниња лук или 1/2 лажиче лук во прав
  • 1 лажиче сув босилек (јас ставив суво оригано)
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 30 гр рендан пармезан
  • 2 средно големи јајца

Прво, исчистете го карфиолот од зелените листови и отстранете ги евентуалните поцрнети делови на цветовите на карфиолот, а потоа разделете го на поголеми цветови. Сега, цветовите измијте ги под млаз вода.

На крупно ренде, изрендајте ги цветовите од карфиол, без дршките. Нив не ги фрлајте, од нив се прави супер вкусно пире од карфиол!

img_2029

На ренданиот карфиол, додадете му 1/2 лажиче сол, промешајте и оставете го најмалку 20 минути, додека карфиолот не пушти вода.

img_2033

Потоа, земете една кујнска крпа и во неа претурете го ренданиот карфиол и карфиолот смотајте го со крпата како топче. Смотулчето со карфиол, сега почнете да го вртите, како кога завиткувате/одвиткувате бомбона, стискајќи го карфиолот, за да се исцеди што поголема количина на вода од истиот.

img_2034

Кога добро ќе го исцедите, префрлете го карфиолот во пригоден сад и почнете да ги додавате зачините: сол, бибер, босилек/оригано, лук, влашец, маслото, пармезанот и јајцата.

img_2039

Со шпатула добро измешајте ја смесата, за да се соединат состојките. На превртен плех од рерна, ставете парче хартија за печење. На хартијата обликувајте правоаголни тенки крокети.

img_2041

Печете ги во претходно загреана рерна на 200 Ц, некои си 30 – 40 минути или додека не станат златно кафени. Јас имам мини рерна која има отворени греачи, па потребното време за овие крокети беше 25 минути.

Од оваа смеса ми излегоа 6 крокети плус едно мини крокетче. 🙂 Совршени се за грицкање, во комбинација со сос од кисела павлака, сенф и малку копар. Следниот пат, ќе ја утростручам смесата, бидејќи вредат за секое залаче! 🙂

=========================================================

Hash browns/kroketi od karfiola

Potrebno:

  • 1 srednje velika glavica karfiola
  • 1/2 kašičice soli (za ribani karfiol)
  • 2 kašike maslinovog ulja
  • 2 kašike sušenog vlasca
  • 3 čena bijelog luka ili 1/2 kašičice bijelog luka u prahu
  • 1 kašičica suhog bosiljka (ja sam stavila suhi origano)
  • 1/2 kašičice soli
  • 1/2 kašičice bibera
  • 30 gr ribanog parmezana
  • 2 srednje velika jaja

Prvo, očistite karfiol od vanjskih, zelenih listova i eventualnih pocrnjelih dijelova na cvjetovima karfiola i razdijelite ga na cvjetove. Cvjetove operite pod mlazom vode.

Na krupnom ribežu, naribajte cvjetove karfiola, međutim nipošto nemojte bacati drške cvjetova, jer se od njih napravi fantastičan pire od karfiola! 🙂 Naribanom karfiolu dodati 1/2 kašičice soli, promiješati i ostaviti ga da odstoji najmanje 20 minuta, kako bi karfiol pustio vodu.

Poslije ovog vremena, prebaciti karfiol u jednu kuhinjsku krpu i zamotati ga, pa početi krpu okretati kao kada zamotavamo/odmotavamo bombonu. Kada je voda iz karfiola ocijeđena, karfiol prebaciti u prigodnu posudu i početi sa dodavanjem začina: so, biber,  bijeli luk, vlasac, bosiljak/origano, ulje, parmezan i jaja. Špatulom dobro promješati da bi se sastojci povezali.

Na prevrnutom plehu od rerne, staviti komad papira za pečenje i na njemu direktno oblikovati tanke pločice/krokete.

Krokete peći 30-40 minuta u prethodno zagrijanoj rerni na 200 C, dok ne postanu zlatno-smeđi. Obzirom da ja imam mini rernu sa otvorenim grijačima, meni je trebalo 25 minuta, da kroketi budu gotovi.

Od ove smjese mi je izašlo 6 kroketa, plus jedan mini kroketić. 🙂 Slijedeći put ću utrostručiti smjesu, koliko su dobri! 🙂

Ovi su kroketi, odlična grickalica i super se slažu sa dipom od kiselog vrhnja, malo senfa i kopra.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s