Брз бурек/Brzi burek

Ова е рецепт од стариот блог, кој имаше преку 45 000 гледања. Еден многу едноставен рецепт, совршен за викендски доручеци. Се прави со готови кори, па е идеален и за оние кои што не се вешти во развлекување на кори за пити. Го правам долго време, порано додека кркавме повеќе теста ни беше на редовното мени за доручек или вечера. Иако последниве години е ретко на нашето мени, бидејќи почнавме да се храниме поздраво, сепак заслужува да си го најде своето место и на овој блог.

Потребно:

  • 500 гр готови кори
  • 50 мл масло
  • 250 мл млака вода
  • сол по вкус (за мешавината од масло и вода)
  • околу 250 гр мелено месо (овде јунешко)
  • 2 мали главици кромид
  • бибер
  • сол
  • сув зачин
  • малку масло за динстање на месото

Прво подгответе го филот. Кромидот исечете го на ситни коцки и пропржете го на малку масло. Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете го месото и ставете сув зачин, сол по вкус и бибер. Пржете додека месото не ја промени бојата, па тргнете го на страна, малку да се олади.

Од вкупната количина на кори, одвојте 4 кори и тргнете ги на страна. Тркалезна тепсија намачкајте ја со масло и накрсно наредете ги четирите кори кои што го одвоивте на почетокот, така што половината од корите да ви биде надвор од тепсијата.

p9100001

Во пригоден сад, ставете 50 мл масло, 250 мл млака вода и сол. Разматете со лажица, колку да се направи емулзија од маслото и водата и попрскајте ги корите во тепсијата. Сега ставете малку од приготвениот фил, па преку него ставете исцепкани кори.

p9100002

Корите се попрскуваат со мешавината од вода и масло и преку нив повторно се става фил и оваа постапка се повторува додека не се потрошат сите кори и фил, кој што треба да биде последен во ова наизменично редење.

p9100003

Филот се преклопува со една половина од кора и преку неа сега се преклопуваат краевите од првите кори кои што беа ставени во тепсијата, при тоа секоја кора прскајќи ја со мешавината од масло и вода.

p9100004

p9100005

Кога бурекот ќе биде готов, одозгора пак се прска со мешавина од маслото и водата, но не премногу, затоа што бурекот после ќе биде гњецав, а тоа не сакаме. Од вкупната количина на вода и масло (50 мл масло и 250 мл вода), треба да ви остане околу 30 мл и тоа ќе го сочувате за крај, за да го попрскате печениот бурек.

p9100006

Бурекот се пече во претходно загреана рерна на 250 Ц додека не порумени. Кога одозгора ќе стане румен, се вади од рерна и се попрскува со преостанатата количина на масло и вода и се враќа во рерна да се допече уште 5 минути.

p9100007

Печениот бурек се превртува на соодветна површина (даска, решетка и слично), со дното према горе и се остава да се излади едно десетина минути, а потоа се сече на четвртинки или осминки.

==============================================================

Brzi burek

Potrebno

  • 1 paket gotovog vučenog tijesta/jufke/kore za pitu (500 gr)
  • 50 ml ulja
  • 250 ml mlake vode
  • so po ukusu (za mješavinu vode i ulja)
  • oko 250 gr mljevenog mesa (ja sam koristila junetinu)
  • 2 manje glavice crnog luka
  • po želji šarenog bibera (ja koristim mješavinu bijelog, crnog, crvenog i zelenog)
  • so
  • suhi začin
  • oko 2 kašike maslinovog ulja, za dinstanje mesa

 Prvo pripremite nadjev. Luk nasjeckajte na jako sitne kockice i prodinstajte ga na ulju i malo soli. Kada postane staklast, dodati meso, so, biber i suhi začin i miješati dok se meso ne usitni i ne prodinsta. Ovako spremljen nadjev odložiti sa strane dok kore ne pripreme.

 

Od ukupne količine kora, odvojiti 4 cijele kore. Okruglu tepsiju namazati uljem i tepsiju obložiti korama, tako da krajevi kora izlaze van tepsije. U jednoj posudici staviti vodu, ulje i so i razmutiti kašikom. Tom mješavinom malo natopiti kore na dnu tepsije. Sada dodati malu količinu mesa, pa preko mesa dodati iscjepkane kore. Kore poprskati mješavinom vode i ulja, pa preko njih opet staviti meso. Redati tako naizmjenično dok se i kore i nadjev ne potroši, s tim što zadnji sloj treba biti od mesa.

Meso prekriti sa zadnjom čitavom korom koja je odvojena na početku i preko nje preklopiti krajeve prvih kora, koji izlaze iz tepsije.  Te viškove preklapati jedan po jedan, i poslije svakog preklapanja, koru zaliti sa malo tekućine. Kada je burek ovako složen, gornju površinu još malo nakvasiti tekućinom, ali ne previše. Od ukupne mješavine vode, soli i ulja, odvojiti nekih 30 ml. Tim ostatkom ćete zaliti tek pečeni burek.

Burek peći u prethodno zagrijanoj rerni na 250 C, dok fino ne porumeni. Kada je pečen, zaliti ga ostatkom tekućine i vratiti ga u rerni još cca 5 minuta, te ga poslije prebaciti na nekoj tacni, plohi ili šta već, da se malo ohladi, međutim prilikom prebacivanja burek treba tako preručiti da gornji dio bureka sada bude odozdo. Ostaviti ga da odstoji jedno 5-10 minuta, pa rezati na četvrtine.

 

Advertisements

One thought on “Брз бурек/Brzi burek

  1. Пингување: Natašin burek sa mesom

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s