Печена Хокаидо тиква/Pečena Hokaido bundeva

Есента ја сакам заради тоа што е време за печење на тикви. Вкусни, мирисни, меки, се топат во устата. Есенските тикви имаат таква структура на месото, да се подложни на експериментирање во смисла на начините на кои што може да се подготват. Варени, печени, пржени, солени, слатки, пикантни. Од нив се прават прекрасни слатки пити, сладолед, њоки, безброј, безброј комбинации и палета на вкусови. Јас највеќе користам три вида на тикви: Hokkaido, Stambolka и Butternut squash или таканаречена мушкатна тиква.

Потребно:

  • 1 Хокаидо тиква од цца 2 кг
  • маслиново масло
  • сол
  • мелен црн бибер
  • суво оригано
  • лук во прав

Тиквата прво измијте ја под млаз вода, за да се одстранат евентуалните нечистотии. Пресечете ја на половина и со лажица извадете го семето и опната во која се наоѓа истото.

1

Потоа исечете ја на приближно еднакви парчиња и излупете ги. Кората од Хокаидо тиквата се јаде, меѓутоа јас повеќе ја сакам кога кората и‘ е излупена.

Исечените парчиња тиква, ставете ги во подлабок сад и додадете ги маслиновото масло и зачините. Со раце убаво измешајте, за зачините да можат да се залепат на секое парче. Вака зачинетата тиква, наредете ја во плех обложен со хартија за печење.

2

Печете на 200 Ц, додека тиквата не омекне и краевите не почнат благо да црнеат.

5

Може да се јаде како самостоен оброк, како прилог или како додаток во салата (зелена салата, печена тиква и фета сирење), топла или ладна. Јас повеќе ја сакам во втората варијанта затоа што ми има поубав вкус. 🙂

На здравје! 🙂

======================================================

Pečena Hokkaido bundeva

Potrebno:

  • 1 Hokkaido bundeva cca 2 kg
  • maslinovo ulje
  • so
  • mljeveni crni biber
  • suhi origano
  • bijeli luk u prahu

Bundevu prvo operite pod mlazom vode, kako bi se oprale eventualne nečistoće.  Isjecite je na pola i kašikom izdubite sredinu gdje se nalazi sjeme.

4

Ovako očišćenu, isjecite je na približno jednake komade, a zatim ih ogulite. Kora od ove bundeve je jestiva, međutim ja je više volim jesti bez kore.

Isječene komade bundeve stavite u dublji sud i dodajte maslinovo ulje i začine. Rukama dobro promiješajte, kako bi se začini zalijepili za svaki komad bundeve. Ovako začinjenu bundevu, složite na pleh koji je obložen papirom za pečenje.

3

Pecite na 200 C, dok bundeva ne bude mekana i dok krajevi blago ne pocrne.

6

Može se jesti kao samostalan obrok, kao prilog, u salati (zelena salata, pečena bundeva, feta sir), topla ili hladna. Ja više volim ovu drugu varijantu zato što mi ima bolji okus.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s