Пудинг од chia/Puding od chia sjemenki

Со овие семчиња се запознавме пред некои си две години. Сакам да истражувам кога е во прашање храна, па во една прилика ги купив во една продавница за здрава храна, ама појма немав како и во кои комбинации се користат.

chia 3

Немам намера рецептов да го претворам во едукативен пост, ама чудесниве семчиња заслужуваат малку повеќе внимание заради своите неверојатни особини и својства.

Chia е всушност семе од еден вид на нане со неверојатни карактеристики. На пример, само 4 супени лажици семе содржат околу 9 гр протеини и аминокиселини кои што му се потребни на нашето тело. Одличен извор на омега 3 масни киселини (до сега ленените семенки го имаа приматот на главни фито снабдувачи на омега 3), го намалуваат холестеролот и го чуваат срцето. Четири лажици семе во себе содржи и 20 гр влакна, одредена количина на калциум и двојно повеќе калиум од оној што го содржи една банана, на пример и е супер фитнес храна. Не содржат глутен, шеќери и оксиди.

Е, сега, како се подготвуваат? Chia семето во контакт со течности пушта слуз и масата ја претвора во една геласта текстура. Со додавање на млеко од јатки (бадем, лешник) или оризово, овсено/зобено, соино, кравјо млеко, овошје, мед, сируп од агаве или некој друг засладувач, станува одличен десерт или здрав појадок кој доооолго време ќе ве држи сити (заради растителните влакна кои ги содржи).

Може да се додаде во салата, во кајгана, во тесто за леб, во варива и сл.

Јас најмногу го сакам во слатките варијанти на доручек или како десерт. За да може семчињата убаво да набабрат и да се добие една густа текстура, оброкот го подготвувам навечер и го оставам преку ноќ во фрижидер. Наутро имам одличен катализатор на енергија и спремна сум за она што денот ќе ми го донесе.

chia 4

Го подготвувам со млеко од јаткасти овошја (од бадем или од лешник), со зобено/овсено млеко или со кравјо млеко. Ова последново ретко го користам бидејќи мевов во последно време ми се буни на внес на лактоза. Од засладувачи користам сируп од агаве, а од овошје, најчесто вишни или шумско овошје. Вие секако можете да користите овошје по избор или пак воопшто да не го додавате во оброкот.

chia 6

Мерките подолу се за едно лице, а вие слободно можете да ги мултиплицирате 🙂 За подготовка на оброкот јас користам обична мала стаклена тегла со запремнина од 350 мл, бидејќи ми е најзгодна за оставање во фрижидер.

Потребно

  • 4 рамни супени лажици chia семе
  • околу 300 мл млеко (по избор)
  • сируп од агаве, количина по вкус
  • овошје (опционално)

Во тегла се става млекото, chia семето, засладувач, дообро се меша со лажица за да не ви се залепат семките за дното преку ноќ и се затвора со капак. Утредента се промешува убаво, евентуално се додава некое овошје по избор и толку! 🙂

========================================================

Puding od chia sjemenki

Mjere su za jednu osobu, a vi slobodno možete multiplicirati 🙂

Za pripremu ovog obroka, ja uobičajeno koristim običnu, malu staklenu teglu, zapremnine 350 ml, jer mi je najzgodnija za pohranjivanje u frižideru.

Potrebno:

  • 4 ravne supene kašike chia sjemenki
  • oko 300 ml mlijeka (po izboru: kravlje, zobeno, kokosovo, bademovo i sl.)
  • sirup od agave
  • voće (opcionalno)

U teglu staviti mlijeko, chia sjemenke i sirup od agave i dooobro kašikom promiješati sadržaj, kako se sjemenke ne bi zalijepile za dno tegle. Zatvoriti poklopcem i ostaviti preko noći u frižideru. Sutradan, ponovo promiješati, eventualno dodati neko voće i uživati 🙂

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s