Сендвич за добро утро

IMG_0508

Нема ништо поубаво од вкусно залаче и експлозија на вкусови во ова тмурно и дождливо утро. Буби мој, најмногу ги сака овие сендвичи. Сендвич како сендвич, ништо особено – некој ќе рече. И токму така, акцентот не е на содржината на сендвичот туку на начинот на подгототвка на истиот.

Овде нема да набројувам потребни состојки за содржината на сендвичот, бидејќи за вкусовите не расправа, така? 🙂

За мене, најбитно е како ќе го подготвите пецивото за полнење. Еве го мојот начин:

Најпрвин, морате добро да се организирате пред да почнете да правите сендвич. Добрата организација е половина завршена работа. Прво одберете што ќе ставите во сендвичот. Исечкајте кашкавал, сирење, кулен, шунка, што и да е. Доматот измијте го и исушете го со хартиена салвета; не сакате вода да ви се цеди од онаа убавина. Истото направете го и со другите зеленчуци. Од доматите обавезно!!!!! извадете ја средината, тоа е оној дел каде што се семчињата, нека остане само месото. Ако не ја извадите средината, таа ќе го навлажи пецивото и тоа ќе стане меко и подраскашавено, верувајте ми, не го сакате тоа. Ако користите краставица, со лажичка издлабете го семето и фрлете го, користете го само меснатиот дел.

На доообро загреана тава, на јак оган (кај мене 5 од 6), ставете парче путер. Нека се топи до оној момент додека не престане да се пени и полека почнува да ја менува бојата во карамел. Ќе осетите и мирис на орашасти плодови и сега е време веднаш да ги ставите пецивата на путерот.  Бидете брзи, бидејќи путерот брзо гори и ќе направите беља! 🙂

Располовеното пециво го ставате на путерот со страната која што била внатре, за прво таа да се потпече. Доволна е минутка – две. Го превртувате на другата страна и сега ги потпекувате капакот и дното на пецивото. 🙂 Ги тргате на страна и ги оставате 2-3 минути малку да се изладат, за да не ви се стопи кашкавалот или да ви овене зеленчукот од топлината. Ги полните по желба и уживате! 🙂

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s