Мармалад од тиквички/Marmelada od tikvica

Да, да. Од тиквички и тоа од оние што ги кркаме похувани, од кои што правиме салата со лукче, магдонос и оцет. Е, од тие! 🙂

IMG_0510

Годинава, машала тиквички кај Буби во бавча. Дремат во фрижидер веќе неколку дена, а јас не стигнувам да направам нешто од нив. Жал ми е да пропаднат така, неискористени па малце процуњав по интернет да видам дали некој рецепт ќе ми фати око. И ми фати око и пол на мармалади и џемови од тиквички. Прегледав десетина такви рецепти во кои главен додадок е ананас. Е, сеа, јас ананас немав во моментов па тркнав до бавча и скинав неколку јаболки. И еве што излезе од мајсторисувањето.

  • 2 тиквички со светло зелена кора
  • 5 помали кисели јаболки
  • околу 800 гр шеќер
  • сок од 1 лимон
  • 1/3 кафена лажичка цимет
  • 1/3 кафена лажичка ѓумбир во прав

Тиквичките се мијат и им се лупи кората. Од 2 исчистени и излупени тиквички добив 900 гр чиста маса. Јаболките не ги мерев, скинав 5 помали јаболки. Ги измив и ги излупив. Со оглед на тоа дека не се прскани, беа трофче повеќе црвливи па имав доста отпад, ама на крај излезе околу 500 гр чиста маса. Би било идеално и ич не многу мачно тиквичките и јаболките да ги изрендате во мултипрактик, стварно е одлично кујнско помагало. Ама ако го немате, малку ќе се помачите додека ги изрендате на ситно ренде. Вака изрендани, ставете ги во поголемо тенџере и додадете го сокот од 1 лимон и 500 гр шеќер. Уклучете ја ринглата на средна јачина (кај мене на 4 од 6) и почекајте да зоврие.

marmalad od tikvički

Во меѓувреме подгответе си ги тегличките за стерилизација. Прво измијте ги со средство за миење на садови и без капачиња наредете го во еден плех. Дното на теглите треба да биде поставен на плехот. Ставете го плехот во рерна и уклучете ја на 120 Ц. кога ќе видите дека остатоците од вода на и во теглите испариле, намалете ја температурата на 100 Ц и оставете ги така додека мармаладот не ви биде готов.

Сега вратете му се на мармаладот. Со стапчест миксер убаво изблендајте ги тиквичките и јаболките и вратете го тенџерето на рингла. Додадете ги циметот, ѓумбирот и ванилата и остатотокот од шеќерот. Варете го мармаладот со повремено мешање и внимавајте да не ви загори, а и да не ви се залепи врел мармалад на рацете, затоа што прска додека се вари.

Знаете како се прави проба дали е готов, така? На тањирче ставете малку  мармалад и почекајте да се олади. Со ладењето тој станува цврст и по тоа ќе знаете дали е готово. Ако изладената пробна количина сеуште се разлева, треба уште да се вари. Уште еден начин по кој ќе знаете дека мармаладот е готов е кога ќе повлечете со лажицата по дното на тенџерето и ќе видите дека се прави пат, готово е. И третиот начин е кога ќе заграбите со лажицата и ќе ја наведнете надолу, мармаладот ќе паѓа од лажицата во големи парчиња и тоа по 2-3 во исто време.

IMG_0528

Кога ќе биде готово, врелиот мармалад се сипа во врели тегли, се затвара со метални капачиња и теглите се превртуваат наопаку со капаците надоле, за да се вакумираат. После 5 минути, вратете ги теглите со капаците нагоре и оставете ги да се изладат. Од оваа количина ми излегоа 3 микро теглички и 2 теглички од 350 гр. Доста е! 🙂

=======================================================

Marmelada od tikvica

Potrebno

  • 2 tikvice sa svijetlo zelenom korom
  • 5 manjih kiselih jabuka
  • oko 800 gr šećera
  • sok od 1 limuna
  • 1/3 kašičice cimeta
  • 1/3 kašičice đumbira u prahu

Tikvice oprati i oguliti ih. Jabuke, takođe. Na krupnoj strani rendeta ili u multipraktiku izribati tikvice i jabuke, staviti u dublju šerpu, odmah dodati sok od limuna, da masa ne potamni. Dodati 500 gr šećera i uključiti ringlu na srenju jačinu (kod mene na 4 od 6) i sačekajte da zavri.

U međuvremenu pripremite teglice za sterilizaciju. Oprati ih deterdžentom i staviti ih na pleh, uspravno. Ubacite pleh u rernu i uključite je na 120 C. Kada su ostaci vode iz tegle isparili, smanjiti temperaturu na 100 C i grijati ih dok marmelada ne bude gotova.

Sada skloniti šerpu sa ringle i štapnim mikserom propasirati smjesu, dodati cimet i đumbir i vratiti šerpu na ringlu. Marmeladu kuhati dok ne bude gusta, a probu napraviti sa hladnim tanjirićem.

Vrelu marmeladu sipati u vrele tegle, odmah zatvarati metalnim poklopcima i okretati tegle poklopcem prema dolje, da se vakumiraju. Nakon 5 minuta ponovo okrenuti tegle sa poklopcima prema gore i ostavite ih da se ohlade.

Od ove količine su mi ispale 3 mikro teglice i 2 teglice od po 350 ml. 🙂

IMG_0538

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s