Кисела чорба од пилешки ситнеж

IMG_0487

Денеска застуде и тоа добро. Цели 14 степени, а еве го и Марфи кој дефинитивно си поигрува со мене, бидејќи вчера ги исчистив прозорците по кои сега се лизга дожд. Време, само за дремење, гледање некој добар филм или читање некоја стварно добра книга. И време за чорба, мирисна, киселка и вкусна, еден вистински галеж за непце.

Оваа чорба и‘ е братучетка на киселата чорба од јагнешки бел џигер. Виновник што чорбава често ни е на гости е мајка ми, која во недостаток на јагнешки џигер малку импровизирала и еве го крајниот резултат.

Потребно

  • околу 300 гр исчистен пилешки ситнеж (пилешки џигер и срца)
  • 1 средно голема главица кромид
  • малку масло за јадење (јас користам масло од комина од маслинки)
  • 1 супена лажица брашно, полна до врв
  • 1 рамна супена лажица црвен пипер (зачин)
  • бибер
  • сув зачин
  • сол, по вкус
  • тенко фиде за супа
  • 1 јајце
  • оцет по вкус

На загреано масло испржете го ситно сечканиот кромид.

Kisela čorba

Штом ќе пожолти, додадете го исчистениот и на ситни парчиња, исечен ситнеж. Мешајте со дрвена лажица додека ситнежот не ја смени бојата. Сега додадете една, до врв полна супена лажица брашно и повторно промешајте една минута. Не сум љубител на запршки со брашно и ги избегнувам колку што можам, но оваа чорба дефинитивно бара запршка од брашно, бидејќи тоа ќе и‘ даде еден убав кадифен шмек.

Додадете го црвениот пипер, биберот, сувиот зачин и пак промешајте неколку пати, доволно долго да го осетите мирисот на пржениот пипер. Ставете околу 2л врела вода и со дрвената лажица гребете по дното на тенџерето за да го одлепите слојот од брашно и пипер кој што ќе ви се залепи за дното. Ич да не му се секирате, тоа е најдобриот дел од чорбата. 🙂 Варете на умерен оган (кај мене на 3 од 6) околу 40 минути од моментот кога ќе зоврие. 5 минути пред крај со рака издробете го фидето и ставете го во чорбата.

Kisela čorba1

Тргнете го тенџерето на страна и оставете го десетина минути да се подизлади. Во сад изматете го јајцето со вилушка и додадете оцет по вкус. Не ја мерам количината на оцет, ставам „од око„ и користам јаболков оцет. Од чорбата одземете една кутлача течност и внимателно полека додавајте ја течноста во садот со јајцето и оцетот, мешајќи без престан.

Kisela čorba2

Оваа постапка е всушност темперирање на јајцето, за да не ви се направи кајгана кога ќе го додадете во сеуште врелата чорба. Со дрвена лажица почнете да мешате во тенџерето и додека мешате без престан, полека ја додавате темперираната мешавина од јајце, оцет и малку чорба. Пробајте и ако има потреба, дотерајте го вкусот со додавање на сол или оцет.

Уживајте 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s