Pulled pork

Рецептов е измислен за оние кои што не многу милуваат да се мотаат во кујна и да му дишат во врат на јадењето кое што го готват. Идеален неделен ручек кој се прави сам. 🙂

Меѓутоа, за да дојдеме до фазата „ручеков сам се прави„, потребна ни е претходна подготовка, односно време за маринирање на месото. Постојат многу варијации на тема маринада за ваков вид на подготовка на месо и неколку начини на печење на истото. Што се однесува до маринадата и зачините кои што се користат, импровизирам со оние што ми се при рака. А, што се однесува до начинот на печење, сум пробала два и не можам да се одлучам кој од нив дава подобар резултат. Во првата варијанта зачинетото месо се става на решетка под која се става плех од рерна со малку вода и се пече некои 10-12 часа, а во втората варијанта, месото се става во тенџере со капак и се пече 6-8 часа, во зависност од температурата за печење, која не смее да биде пониска од 100 Ц и повисока од 140 Ц.

Потребно

  • околу 2 кг свинско месо без коски (врат или плешка)

Зачини (по 1 супена лажица од сите)

  • сладок црвен пипер (зачин)
  • лут црвен пипер (зачин) или чили во прав
  • буковец
  • мелен кумин (личи на ким, ама не е ист зачин)
  • лук во гранули или 4 чешниња толчен лук
  • сол (по вкус)
  • мелен бибер
  • ѓумбир во прав

Ставете ги сите зачини во еден сад и измешајте ги. Со оваа мешавина на зачини добро истапкајте го месото, ставајте зачини до оној момент додека не почнат сами да отпаѓаат од истото. Вака зачинето, замотајте го во прозирна фолија и оставете го во фрижидер 24 часа. Значи, месото се подготвува за печење еден ден порано! Ако го планирате за ручек во недела, во сабота наутро треба да го завршите процесот на маринирање на месото и да го оставите 24 часа во фрижидер, за да има време аромите да се соединат со месото.

Маринада

  • 100 мл, вода
  • 50 гр балсамички оцет (понекогаш ставам јаболков оцет)
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица шеќер (идеално е да биде мусковадо, ама ако нема, добар е и оној стандардниот, бел шеќер)
  • 150 мл кечап (за мене најубав е Heinz barbecue ketchup)
  • 50 мл Worcester sauce
  • сол по вкус

Еден час пред да го печете месото, намачкајте го со маринадата и повторно вратете го во фрижидер. После саат време, маринираното месо ставете го во тенџере кое што може да се користи и во рерна (без пластични делови), додадете ја маринадата која ви остана од месото, поклопете го тенџерето со капак и ставете го во загреана рерна на 130 Ц. И во следните 6 часа, заборавете дека правите ручек.

Штом ќе биде готово, исцепкајте го со 2 вилушки, бидејќи за ова месо не ви треба нож. Воопшто да не ве загрижува тоа што површината на месото е црна како ќумур. Погледнете подолу како изгледа кога ќе се исцепка на конци.

IMG_0372

Со сафтот кој што останал во тенџерето, натопете го пецивото, ставете една лажица Coleslaw салата и исцепканото месо. Или пак ставете го во некој сад, па служете го одделно.

Може да се јаде со некој прилог по ваша желба и додаток од салата, ама дефинитивно ве вади од кондури кога се јаде во свежо пециво со Coleslaw салата. Топ!

IMG_0382

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s