Coleslaw салата/Coleslaw salata

Една од најпознатите американски салати. Едноставно се подготвува и може да стои неколку дена во фрижидер без да изгуби од квалитетот. Има повеќе варијанти како се прави, со додавање на кисело јаболко, на павлака и мајонез, само со павлака, само со мајонез, со кромид, без кромид….

Еве ја мојата варијанта на Coleslaw. Не може да биде поедноставна.

Потребно

  • свежа зелка
  • моркови
  • јаболков оцет
  • сол
  • кисела павлака
  • мајонез

Зелката се сечка на тееенки резанки. Верувајте, салатата е многу повкусна кога зелката е сечкана на тенки резанки бидејќи поубаво се стопува со преливот за салата. Значи, сечкаме тенко со нож, не делкаме со секира.

IMG_0301

Ја ставаме во подлабок сад и додаваме малку сол. Улогата на солта е да ја извлече водата од зелката. Сега со рака убаво ја гмечиме за да омекне. Потоа рендаме моркови на ситно ренде (јас обично ставам 2 средно големи моркови на една микро зелка) и ги додаваме во садот со зелката. Ставаме павлака и мајонез, па проверуваме колку е кисело. Ако е потребно додаваме јаболков оцет и го дотеруваме вкусот со евентуално додавање на уште малку сол. Убаво се промешува, се става во сад со капак и се остава околу 1 час во фрижидер, за да може сите ароми да се соединат, а зелката додатно да омекне.

IMG_0373

Оваа салата најчесто се служи со Pulled pork или со било кое друго месо приготвено на скара или во тавче.

================================================================

Coleslaw salata

Potrebno

  • svježi kupus
  • mrkva
  • jabukovo sirće
  • so
  • kiselo vrhnje
  • majoneza

Kupus isjeckamo na veoma tanke rezance, jer je salata daleko ukusnija kada se kupus izreže tanko. Isjeckani kupus stavimo u dublju zdjelu, dodamo so i rukama dobro izgnječimo, kako bi kupus omekšao. Dodamo rendanu mrkvu, kiselo vrhnje (poželjno je da bude sa manjim postotkom mliječne masti), majonezu i sirće, po ukusu.

Salatu ostavimo u frižider na par sati da se svi sastojci prožmu i onda je spremna za jelo. Najčešće se pravi uz roštilj ili Pulled pork.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s