Хамбургер пецива

Дома, ептен сме си по тестата. Cи љубиме: кифлички, пити, зелници, мал милион слатки и оние, најобични пецива. Кога правам Pulled pork, ако не ме мрзи и ако имам време, ги правам овие пецива. Одлични се и за сите видови на сендвичи.

Потребно

  • 550 – 600 гр меко брашно тип 400
  • 300 мл топло млеко
  • 30 гр растопен путер
  • 100 гр неутрална павлака за готвење
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 супена лажица шеќер

Бидејќи не сите брашна упиваат иста количина на течност, најдобро е од вкупната количина на брашното да одвоите 100 гр на страна, па постепено да го додавате ако има потреба. Мене ми требаше вкупно 550 гр меко брашно тип 400.

Во сад ставете ги сите состојки и замесете меко еластично тесто кое што не се лепи за рацете. Оставете го околу саат време да се одмори и да нарасне. Потоа развлечете го во облик на колбас и исечете парчиња тесто. Од парчињата тесто формирајте топчиња, ставете ги на побрашнет плех и оставете ги да мируваат додека двојно не порасанат.

roll buns

Премачкајте ги со малку млеко и растопен путер и печете ги во загреана рерна на 220 Ц, додека не поруменат.

IMG_0330

Печени повторно премачкајте ги со мешавина од млеко и путер и оставете ги на решетка да се изладат.

IMG_0336

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s