Распукани чоколаденки

IMG_7212

Значи, ги обожавам! Не знам колку пати сум ги правела, ама знам дека ретко кога опстојуваат повеќе од 2 дена. Ха ха ха!  Ова не е колаче за сечие непце. Само за сериозни љубители на чоколадо.

Потребно

  • 50 гр меко пченично брашно
  • 1/2 кафена лажичка прашок за пециво
  • 140 гр чоколадо со 70% какао
  • 60 гр млечно чоколадо
  • 150 гр Демерара, кафеав шеќер
  • 1 кафена лажичка Нескафе
  • 30 гр какао во прав
  • 1/2 кафена лажичка цимет
  • 2 јајца
  • 30 гр путер
  • 1 супена лажица неутрална павлака

Чоколадото, павлаката и путерот растопете ги на пареа и оставете ја смесата да се излади. Во посебен сад ставете ги брашното, циметот, кафето, какаото и прашокот за пециво. Шеќерот и јајцата изматете ги па внимателно додадете ги во сувите состојки. Промешајте, па додадете ја смесата од истопените чоколади и путерот. Убаво измешајте со лажица и оставете ја смесата да одмори, додека се загрева рерната.

raspuklice

Со лажица правете топчиња и ги редите во плех обложен со хартија за печење. Редете ги подалеку едно од друго, бидејќи при печење доста ќе се рашират. Од оваа смеса ми излегоа 31 колаче.

raspuklice1

Печете ги 9-10 минути на 190Ц. Печени се меки на допир, но кога ќе се изладат, стануват цврсти со крцкава, распукана коричка и сочна внатрешност. Рај за хедонисти! 🙂

Неколку совети:

Кога топите чоколадо на пареа, горниот сад никогаш не смее да биде потопен во водата од садот кој се наоѓа на ринглата.

Мешавината од суви состојки најдобро ќе ја додадете во другите состојки ако ја ставите во цедалка за чај и внимателно промешувате со шпатула додека смесата не стане хомогена.

Advertisements

3 thoughts on “Распукани чоколаденки

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s