Лажна чизика/Lažna čizika

Чизкејк или торта од сирење. Чизкејкот е десерт кој или го сакаш на прва или ќе бегаш од него. Постојат повеќе варијанти, но мислам дека најпознат е New York style cheesecake. Искрено, мене не ме бендисува многу, многу. Јас сум си повеќе љубител на непечени варијанти на ваков вид на десерт.

Ех, со оглед на фактот дека си милувам непечени варијанти на овој вид на десерт, малку си поиграв со неговата основа и во прилог следи резултатот од моите гастро играрии.

Мерките се за тркалезен калап за торта со пречник од 18 цм:

Подлога:

  • 100 гр мелени бисквити
  • 2 супени лажици млеко
  • 40 гр путер

Крем:

  • 700 гр кисела павлака со млечна масленост од 22%
  • 100 гр шеќер во прав (по желба може да се додаде и повеќе)
  • сок од половина лимон
  • 1 кесичка ванил шеќер
  • 1 кесичка мелен желатин

Прелив:

  • 1 кесичка црвен прелив за торти

Мелените бисквити ставете ги во еден сад и додадете 2 супени лажици млеко. Измешајте со лажица и оставете ги на страна. Сега путерот ставете го во сад на рингла и загревајте го на тивок оган додека не се растопи. Внимавајте, не треба да зоврие, треба само да се растопи. Оставете го неколку минути да се подолади, па полека додадете го во мешавината од бисквити и млеко. Со лажица промешајте, смесата треба да изгледа како песок. Без гајле, сето тоа убаво ќе си се спои кога тортата ќе преноќи.

IMG_0027

На дното од калапот за торта ставете парче хартија за печење и врз неа истурете ја мешавината за подлогата за тортата. Со лажицата внимателно и рамномерно распоредете ја по дното на калапот. Вака приготвената подлога ставете ја во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Во пригоден сад ставете ја киселата павлака и додадете го ванил шеќерот и шеќерот во прав. Матете со миксер додека не добиете хомогена смеса. Сега додадете го сокот од половина лимон и матете да се соедини со кремот. Желатинот го подготвувате според упатството на кесичката, внимателно го додавате во кремот и повторно матете со миксер додека желатинот не се соедини со кремот.

Вака приготвениот крем го ставате преку бисквитната подлога и го оставате најмалку еден час во фрижидер. Кремот мора да биде стегнат, за да може да го издржи додавањето на последниот слој/прелив. Ако преливот ви е премногу топол, може да се случи да ви се растопи кремот и да добиете торта со дупки, а тоа дефинитивно не сакаме да се случи. Истото сценарио се случува и кога кремот не ви е доволно стегнат, па преливот ќе ви пропадне внатре и нема да ги добиете оние убави рамномерни слоеви, карактеристични за овој вид на десерт.

IMG_0044

Преливот за торта подгответе го според упатството на кесичката и почекајте да стане млак, па дури потоа внимателно нанесете го на сега, веќе цврстиот слој од крем. Прекријте го калапот со прозирна фолија и оставете го во фрижидер преку ноќ. Следниот ден извадете ја тортата од калапот и пренесете ја на пригодна подлога или сталак за торта.

============================================================

Mjere su za okrugli kalup od 18 cm

Potrebno

Podloga:

  • 100 gr mljevenog keksa
  • 2 supene kašike mlijeka
  • 40 gr maslaca

Krema:

  • 700 gr kiselog vrhnja sa 22% mm
  • 100 gr šećera u prahu
  • sok od pola limuna
  • 1 kesica vanil šećera
  • 1 kesica mljevene želatine

Preliv:

  • 1 kesica crvenog preliva za torte

U jednu posudu stavite mljeveni keks i dodati 2 kašike mlijeka, promiješati i ostaviti po strani. Maslac otopite i ostavite da se ohladi. Ohlađeni otopljeni maslac dodati mješavini keksa i mlijeka. Smjesa treba izgledom podsjećati na pijesak.

Na dnu kalupa staviti papir za pečenje i preko papira staviti podlogu za tortu. Obzirom da je konzistencija podloge mrvasta, donjom stranom kašike fino rasporediti i dobro je utapkati na dno kalupa. Kalup staviti u frižider da se podloga malo stegne dok vi pripremate kremu.

U prigodnu posudu, staviti kiselo vrhnje, dodati vanil šećer i šećer u prahu. Mutiti mikserom dok se ne dobije homogena smjesa. Sada dodati sok od pola limuna i ponovo mutiti mikserom da se smjesa ujednači. Želatinu pripremiti prema uputama proizvođača i pažljivo dodati u umućeno kiselo vrhnje, uz neprestano mućenje, dok se želatina ne spoji sa ostatkom kreme.

Ovako pripremljenu kremu sipati preko biskvitne podloge i ostaviti ga najmanje sat vremena u frižideru, da se stegne. Krema mora biti stegnuta i čvrsta, kako bi mogla izdržati preliv koji se dodaje na kraju.

Preliv za tortu pripremite prema uputama i sačekajte da postane mlak. Budite pažljivi kod stavljanja preliva, jer ako je preliv previše topao, može se desiti da vam otopi kremu i stvori rupu, a to nije ono što želimo 🙂

Prekrijte kalup prozirnom folijom i ostavite tortu u frižideru, preko noći.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s