Pasta fresca

27833_398503484246_4814560_n

Pasta fresca или во превод свежа тестенина или популарно наречена, паста. Јас и брат ми пораснавме на шпагети болоњез и макарони со сирење, а и ден денес си ги милуваме. Во денешно време на пазарот можат да се најдат мал милион тестенини, но одговорно тврдам дека нема ниту една која по квалитет и вкус може да и‘ парира на домашно направената паста. Се прави многу лесно, а ако имате машинка за тестенини, подготвувањето ќе оди како подмачкано.

Оригинално, пастата се прави од посебен вид на пченица, таканаречена, дурум пченица. Меѓутоа јас не можам овде да најдам брашно од дурум пченица, но после одреден број на обиди со неколку други видови на брашна, ја најдов добитната комбинација.

Пастата може да се прави само со жолчки, со цели јајца, со додаток на пире од некој зеленчук, со додаток на вода или млеко или масло за јадење.

Како и да ја правите, внимавајте на односот помеѓу брашното и течните состојки, бидејќи морате да добиете многу тврдо тесто. Ако тестото е меко, пастата ќе ви се распадне при варењето.

Потребно (за 4 лица)

  • 400 гр остро брашно тип 400
  • 4 средно големи јајца
  • прстофат сол
  • 1 супена лажица маслиново масло

Изматете ги јајцата, па додадете ги маслото и солта. Брашното ставете го на работната маса и во средината направете дупка. Во дупката полека ставете дел од матените јајца и со вилушка мешајте. Постапката ја повторувате додека не ја потрошите целата количина на јајца. Сега со раце убаво измесете го тестото додека не стане хомогено и мазно. Поделете го на 4 дела и секој дел замотајте го во прозирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку половина час.

Јас ја скратувам целава постапка така што сите состојки ги ставам во мултипрактик и смесата ја пулсирам неколку пати, додека не се соедини.

10704153_10152482194304247_3610107082859105321_n

Кога тестото се одморило во фрижидерот, извадете едно парче и со сукало растегнете го во овална форма. Тука ќе ви треба додатна количина на брашно од горенаведената. Машинката за тестенини наместете ја на најголемата широчина и провлечете го тестото низ неа. Вака развлеченото тесто преклопете го на половина и така преклопено повторно провлечете го низ машинката за тестенини. Постапката повторете ја уште 2 пати. Сега машинката наместете ја на помала широчина од претходната и повторете ја целата постапка со преклопувањето 4 пати. Повторно ја штимате машинката за тестенини на уште помала широчина и пак 4 пати ја повторувате целата постапка. Ќе забележите дека со секое намалување на широчината помеѓу ваљците на машинката тестото станува се‘ потенко и потенко. Ако ви е тестото премногу долго и тешко ракувате со него, слободно преполовете го и продолжете да го тенчите на машината. Кога тестото ќе биде тенко цца 2 мм, на машинката ставете го додатокот за правење на резанци и тестото провлечете го низ саканата големина. Јас ја сакам пошироката форма, бидејќи поубаво ми изгледаат во тањирот. 🙂

Одделете ги резанците и помешајте ги со малку брашно, свиткајте ги во гнезда и оставете ги на чиста крпа, додека вие ја повторувате цела оваа постапка со преостанатото тесто кое што ве чека во фрижидерот.

Знам дека на читање изгледа преееемногу комплицирано, ама не е. Штом „ќе се уштелите„, оди релативно брзо и лесно.

Свежата тестенина се вари многу брзо, за разлика од сувата/сушената. Доволно и‘ се 3-4 минути во врела солена вода и готова е.

Ако ви е оваа количина премногу за еден оброк, без гајле, слободно замрзнете ја на тацна, а потоа смрзнатите гнезда ставете ги во некоја кесичка и оставете ги за некој следен пат. Водете сметка замрзнатата паста да ја потрошите во рок од 3 месеци.

Уживајте!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s