Кисели краставички

Уште малку и време е за зимница. Рецептов е од тетратката на мајка ми, не знам од каде го препишала, ама знам дека секоја година кога подготвувам зимница овие краставички се дел од неа.

Специфично за овој рецепт е тоа што пресолот не се прави одеднаш за целата количина на краставички, туку се одредува „по тегла„. Па така, дадените мерки подолу се однесуваат на една тегла. Ако имате намера да наполните 20 тегли со краставички, тогаш дадениве мерки ќе ги зголемите за 20 пати.

Едноставно, зар не?

zimnica 2

Потребно за една тегла пресол

  • тегла од 700 мл
  • 6 лажици алкохолен оцет (не вински, не јаболков, никако балсамико)
  • 1 рамна супена лажица шеќер
  • 1 рамна супена лажица сол
  • бибер во зрно (опционо)
  • копар (опционо)
  • ловоров лист (опционо)
  • кромид (опционо)
  • краставички / корнишони (колку што ќе успеете да ги набуткате во теглата)

Краставичките измијте ги под млаз студена вода. Наредете ги вертикално во чиста тегла. Додадете ги оцетот, шеќерот и солта. Ако сакате пикантни краставички, ставете по некое зрно бибер, а за поубава арома додадете сушен копар, ловоров лист (не претерувајте со количината) или ребренца сечкан кромид. Дури сега додадете студена вода. Внимавајте да не ја преполните теглата, мора да има барем половина сантиметар празен простор. Затворете ги теглите со капаче и наредете ги во големо тенџере на чие дно сте ставиле кујнска крпа. Јас порано ставав листови од весници, меѓутоа после има работа да се собере кашата која што ќе се створи од распаднатите весници. Крпа е дефинитивно подобро решение.

Кога ќе ги наредите теглите во тенџерето, налејте го со вода и ставете го на рингла. Постепено загревајте за да не ви пукнат теглите. Кога водата во тенџерето ќе почне да врие, теглите „варете ги„ точно 8 минути откако ќе зоврие водата во тенџерето. Оставете ги да се оладат во водата и потоа складирајте ги во подрум или шпајз.

Можат да се јадат 24 по пастеризацијата на теглите, но вистинскиот вкус се развива некаде за 2 седмици.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s