Индијанки

Се сеќавате ли на овие колачи? Индијанки, еклери, шампита, тулумби, баклава?

Индијанките се потсетник на едно безгрижно време на игра и детски лудории. На мрзелива недела и индијанки во лимено чинивче и кригла студена боза. Еден малечок омаж за тоа време.

Потребно:

Тесто

  • 6 јајца М големина (во превод, јајца со средна големина)
  • 200 гр шеќер
  • 300 гр меко брашно, тип 500
  • 1 кесичка прашок за пециво

Фил

  • 1 пакетче пудинг од ванила
  • 150 гр меко брашно тип 500
  • 1 л млеко
  • 2 пакетчиња ванил шеќер
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр путер

За тестото, направете шам од белките и шеќерот, потоа без да престанете да матите со миксерот, додадете ги жолчките, една по една. Матете да се соедини смесата. Во посебен сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво и внимателно додадете ги во изматените јајца, внимавајќи смесата „да не ви падне„. За да биде воздушеста и лесна, најдобро е брашното и прашокот за пециво да ги вмешате со дрвена лажица, внимателно превртувајќи ја смесата. Плехот во кој што ќе ги печете бисквитите, обложете го со хартија за печење и со лажичка, а најдобро со дресир кеса, истиснувајте долгнавести форми, во облик на пишкоти. Оставете доволно простор помеѓу нив, бидејќи во текот на печењето ќе се рашират. Се печат релативно кратко време, на температура од 200 Ц. Кога ќе бидат печени, внимателно се одвојуваат од хартијата за печење. Тазе печени се тврди, без гајле, штом ќе одлежат неколку часа, стануваат пенести и меки како памук.

За да го направите филот за индијанките, од 1 литар млеко одземете 300 мл и во него разматете ги пудингот, брашното, шеќерот и ванил шеќерот. Оваа мешавина соединете ја со преостанатото млеко и полека загревајте на умерен оган, додека не зоврие и не се згусне како пудинг. Користете жица за матење и внимавајте филот да не ви загори. Во млакиот фил, додадете го путерот исечен на коцки и матете со миксер да се истопи и соедини со филот. Кога е готово, филот ќе биде мазен и сјаен. Пред да го ставите филот во дресир кеса, одделете неколку лажици од истиот и во него вмешајте малку какао во прав.

Половина од количината бисквити филувајте ги со приготвениот фил, а со другата половина бисквити преклопувајте ги како сендвичи. Одозгора украсете ги со филот во кој додадовте какао и со жолтиот фил.

DSCN7497

Покриени со прозирна фолија можат да стојат до 7 дена во фрижидер. Ако издржат толку.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s