Вариво од месо и грашок

grašak 2

Траумите од градинка придонесоа до фактот дека не сум голем љубител на варива или манџичиња. Меѓутоа, како времето си поминува, а јас стареам полека почнуваат да се раѓаат симпатии кон одредени варива меѓу кои спаѓа и оваа едноставна варијанта на вариво од месо и грашок.

Ова вариво го сакам со месо и тоа само од одредена категорија на истото. За мене, најубави парчиња месо за ова вариво се деловите од вратот  и плешка, без коски. Може да се приготвува со свинско, телешко или јунешко месо. Кај нас дома, оваа манџичка највеќе си милуваме да си ја приготвуваме со свинско месо.

Потребно

  • 350 гр свеж свински врат или плешка без коска
  • 800 гр замрзнат грашок
  • 1 средно голема главица кромид
  • масло за јадење
  • црвен пипер (зачин)
  • сув зачин (од типот на Вегета и сл.)
  • бибер и сол по вкус

Во тенџере загрејте масло за јадење. Јас користам масло од комина од маслинки, но вие користете го она масло за јадење кое што вообичаено го користите. Кромидот исечете го на средно големи коцки и пржете го додека не стане стаклест. Сега додадете го месото исечено на коцки и со често мешање пржете додека месото не ја смени бојата. Потоа додадете го и грашокот и зачините и налејте врела вода, но не во голема количина, сакаме само убаво да се крчка, а не зрната грашок да ви летаат во тенџерето! Должината на варењето зависи и од јачината на ринглата (индукцијска/керамичка/класична рингла), па одвреме навреме промешувајте и пробувајте дали е готово. Јас готвам на керамичка плоча и ми беше потребно некаде околу 2 часа да биде готово, при јачина од 2 (од 1 до 6). Знаете дека е готово кога месото под притисок ќе почне да се раздвојува на конци, а опната на грашокот ќе омекне.

Нема потреба од запршка со брашно; грашакот е скробен зеленчук, а и кромидот освен како подобрувач на вкус има улога и на згуснувач.

grašak 1

Сервирајте во длабока чинија и уживајте.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s