Пудинг од chia/Puding od chia sjemenki

Со овие семчиња се запознавме пред некои си две години. Сакам да истражувам кога е во прашање храна, па во една прилика ги купив во една продавница за здрава храна, ама појма немав како и во кои комбинации се користат. Немам намера рецептов да го претворам во едукативен пост, ама чудесниве семчиња заслужуваат малку повеќе…… Продолжи со читање Пудинг од chia/Puding od chia sjemenki

Млинци со пилешко/Mlinci sa piletinom

Кога се преселив овде во една од бившите Ју, во секој маркет и гранап ги гледав овие печени кори. Тука ги викаат печени јуфки, а во Хрватска ќе ги сретнете под името млинци. Не знам како се викаат во нашето, македонско поднебје. Малку истражував, најдов дека во Бугарија доста ги користат и ги нарекуваат препечени…… Продолжи со читање Млинци со пилешко/Mlinci sa piletinom

Мармалад од тиквички/Marmelada od tikvica

Да, да. Од тиквички и тоа од оние што ги кркаме похувани, од кои што правиме салата со лукче, магдонос и оцет. Е, од тие! 🙂 Годинава, машала тиквички кај Буби во бавча. Дремат во фрижидер веќе неколку дена, а јас не стигнувам да направам нешто од нив. Жал ми е да пропаднат така, неискористени…… Продолжи со читање Мармалад од тиквички/Marmelada od tikvica

Сендвич за добро утро

Нема ништо поубаво од вкусно залаче и експлозија на вкусови во ова тмурно и дождливо утро. Буби мој, најмногу ги сака овие сендвичи. Сендвич како сендвич, ништо особено – некој ќе рече. И токму така, акцентот не е на содржината на сендвичот туку на начинот на подгототвка на истиот. Овде нема да набројувам потребни состојки…… Продолжи со читање Сендвич за добро утро

Кисела чорба од пилешки ситнеж

Денеска застуде и тоа добро. Цели 14 степени, а еве го и Марфи кој дефинитивно си поигрува со мене, бидејќи вчера ги исчистив прозорците по кои сега се лизга дожд. Време, само за дремење, гледање некој добар филм или читање некоја стварно добра книга. И време за чорба, мирисна, киселка и вкусна, еден вистински галеж…… Продолжи со читање Кисела чорба од пилешки ситнеж

Распукани чоколаденки

Значи, ги обожавам! Не знам колку пати сум ги правела, ама знам дека ретко кога опстојуваат повеќе од 2 дена. Ха ха ха!  Ова не е колаче за сечие непце. Само за сериозни љубители на чоколадо. Потребно 50 гр меко пченично брашно 1/2 кафена лажичка прашок за пециво 140 гр чоколадо со 70% какао 60…… Продолжи со читање Распукани чоколаденки

Coleslaw салата/Coleslaw salata

Една од најпознатите американски салати. Едноставно се подготвува и може да стои неколку дена во фрижидер без да изгуби од квалитетот. Има повеќе варијанти како се прави, со додавање на кисело јаболко, на павлака и мајонез, само со павлака, само со мајонез, со кромид, без кромид…. Еве ја мојата варијанта на Coleslaw. Не може да…… Продолжи со читање Coleslaw салата/Coleslaw salata